• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Малите членови на големото семејство „Алкалоид“ го одбележаа Светскиот ден на здравјето

7 април 2022, 09:30
  • cподели

„Здравјето претставува целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или изнемоштеност“ - се вели во дефиницијата на Светската здравствена организација од 1948 година. Како своевиден аларм кој треба да го привлече вниманието на светската јавност за најважните проблеми поврзани со здравјето на глобално ниво, 7 април оваа година се одбележува под слоганот „Нашата планета, нашето здравје“.

Свеста за најважното нешто во животот – грижата за себе и за животната околина и многуте слични теми поврзани со човековото здравје – започнува од најрана возраст, кога, всушност, и се добиваат здравите навики. Годинава, по повод Светскиот ден на здравјето, „Алкалоид“ АД Скопје својот фабрички двор го претвори во креативна работилница за децата на вработените во компанијата. Најмалите членови на големото семејство „Алкалоид“, на возраст од 4 до 14 години, цртаа, разговараа, дебатираа и кажуваа колку знаат за здравјето!

Малите протагонисти од големиот алкалоидов тим, почнувајќи токму од 7 април, па во наредните неколку месеци, ќе отвораат нови поглавја на темата здравје, истражувајќи за здравата исхрана, здравата животна средина, за спортот, здравиот сон, позитивното размислување и за слични теми што го засегаат буквално секој еден поединец.

Влоговите насловени „60 секунди здравје“ ќе бидат постирани на каналите на социјалните мрежи на „Алкалоид“ АД Скопје и ќе имаат цел да ја подигнат свеста за поздрав живот на секој поединец.

Имајте убав ден на здравјето затоа што ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СЀ!

Видео:

Tags
Алкалоид

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.