• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Малите ангелчиња кои го победија ракот топат срца позирајќи заедно 10 години подоцна

23 август 2024, 08:20
  • cподели

„Понекогаш силата доаѓа кога знаеш дека не си сам...“ Нераскинливата врска помеѓу трите ангелчиња, кои на рана возраст извојуваа победа над ракот, до ден-денес освојува срца ширум светот.

Пред 10 години, фотографија од трите девојчиња Риен, Ејнсли и Рајли, кои тогаш страдаа од различни форми на рак и беа фотографирани прегрнати, стана вирална. Денес, една деценија подоцна, малите хероини позираа повторно заедно и докажаа дека се посилни од сè.

Мали ангелчиња Мали ангелчиња Мали ангелчиња

Фотографиите се направени од фотографката Лора Скантлинг, која вели:

„Кога оригиналната фотографија го обиколи светот, почнав да добивам пораки од поединци кои беа подготвени да се откажат, а штом ја виделе фотографијата, решиле да продолжат да се борат. Тоа значеше многу. Добивав многу пораки со прашања за состојбата на девојчињата, па сите беа среќни кога ги објавив новите фотографии и кога видоа дека сите се добри.“

„Сите три девојки имаа различни патувања. Риен, која сега има 16 години, се бори со ракот и со неговите ефекти повеќе од една деценија. Таа има потреба од дресирано куче поради компликации од хемотерапијата и зрачењето, но сака да кугла. Рајли, која сега има 13 години, го победи Вилмсовиот тумор во петти стадиум. Сега е многу активна, игра многу спортови на училиште и сака да биде педијатриска медицинска сестра кога ќе порасне.“

„15-годишната Ејнсли е возбудена што ќе започне деветто одделение. Иако е талентирана пејачка и актерка, амбициозната млада девојка всушност сака да студира радиологија и психологија за да им помогне на другите деца“ - открила Лора.

Мали ангелчиња Мали ангелчиња

Низ годините, фотографката Лора неколкупати ја пресоздаваше фотографијата со трите ангелчиња.

Мали ангелчиња Мали ангелчиња Мали ангелчиња Мали ангелчиња Мали ангелчиња Мали ангелчиња

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.