• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

Мали радости покрај море: Нина Ангеловска со сопругот и синчето во Порто Монтенегро

28 април 2026, 08:55
  • cподели
Нина Ангеловска со семејството

Нина Ангеловска го посети луксузниот марина-ресорт Порто Монтенегро во Тиват заедно со сопругот и малиот син.

Примарниот повод за нејзиното патување на црногорското крајбрежје беше деловен настан, но Ангеловска покажа како успешно се балансираат професионалните ангажмани со приватниот живот. Имено, на ова патување придружба ѝ беа сопругот Виктор Станков и нивниот син Стефан.

Додека Ангеловска беше посветена на своите професионални обврски, сопругот и малиот Стефан го искористија пријатното априлско сонце за истражување на крајбрежјето и уживање во медитеранската атмосфера на ресортот. Дел од скапоцените заеднички мигови надвор од работните сали, таа сподели и со своите следбеници на Инстаграм.

Нина Ангеловска со семејството
Нина Ангеловска со семејството
Нина Ангеловска со семејството
Нина Ангеловска со семејството

Усогласувањето на динамичниот животен стил и патувањата со мало дете носи свои специфики, тема на која Нина искрено зборуваше во интервју за Фемина.

Патувањето е напорно да, додека шетањето таму ако го следите неговото темпо, не е нешто поразлично од тука, секако зависи од динамиката што родителите ја имаат воспоставено и за кога се дома. Исто така, вреди, напорот се заборава брзо, кога ќе го видите тој зачуден, љубопитен поглед и гласни насмевки.

Ако треба да дадам некои препораки, тоа би било родителите да планираат удобен распоред, без преголем број активности. Да бидат флексибилни и да го следат темпото и расположението на детето, па спрема тоа да го модифицираат распоредот. Да се спремат психички и физички за „трчање“ по детето, особено ако патуваат со 1-2 годишен тодлер, чести се моментите кога трча во спротивна насока, се качува, се симнува по скали. – рече таа по патувањето со Стефан во Амстердам.

Нина Ангеловска со семејството
Нина Ангеловска со семејството
Нина Ангеловска со семејството
Нина Ангеловска со семејството
Tags
Нина Ангеловска

Најнови

  • Авантуристички пар: Мартинијан Кириловски на патување во Рим со девојката Лара

    Tue, 04/28/2026 - 09:19
  • Нина Ангеловска со семејството

    Мали радости покрај море: Нина Ангеловска со сопругот и синчето во Порто Монтенегро

    Tue, 04/28/2026 - 08:55
  • Сања Ѓорѓева со децата

    Сања Ѓорѓева (Dr. Goodnight): „Ниту родителството, ниту спиењето не одат секогаш ‘по книга’ и токму во тоа е убавината“

    Mon, 04/27/2026 - 21:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.