Мала хероина: Нара Смит сподели трогателни фотографии од 2-годишната ќеркичка болна од рак на која ѝ ја избричија главата
Семејството на Нара и Лаки Блу Смит минува низ пеколен период.
Откако сподели дека 2-годишната ќеркичка има рак, славната двојка доби многу голема поддршка и топли пораки од разни места ширум светот.
Популарната инфлуенсерка, која е позната по специфичните видеа за готвење од „нула“, сега објави трогателни фотографии од малата хероина Вимзи Ли на која ѝ ја избричија главата, по опаѓањето на косата поради хемотерапиите.
Мало девојче воин🎀
Одлуката да споделам нешто толку ранливо не беше лесна, но секоја порака, молитва, приказна за слично искуство и добрина што ја видов, го направи тоа малку полесно.
До секое семејство или родител што моментално поминува низ нешто тешко, мислиме и на вас.
Нара и Лаки сè уште немаат откриено за каков тип на рак се работи. Од фотографиите може да се заклучи дека на 8 април Вимзи во болница го прослави вториот роденден.
Парот заедно ги има и ќерката Рамбл Хани (5), синот Слим Изи (4) и најмалата ќерка Фони Голден, која се роди во септември 2025 година. Лаки е татко и на ќерката Гревити, од претходната врска со моделот Сторми Бри.