„Срцето ми застана“: Нара и Лаки Блу Смит споделија дека 2-годишната ќеркичка се бори со рак
Нара и Лаки Блу Смит минуваат низ навистина тежок период.
24-годишната инфлуенсерка и манекенка и 28-годишниот супермодел споделија дека нивната двегодишна ќерка Вимзи Ли се бори со рак.
Преку емотивно видео на Instagram, Нара откри дека лошата вест ја добиле кон крајот на минатата година, кога ракот веќе почнал да се шири.
Во искрената исповед, таа објасни дека забележале „нешто сомнително“ кај малата Вимзи и ја одвеле во итната медицинска служба. Откако таму не знаеле точно за што се работи, парот се упатил кај педијатар.
„Се сеќавам дека тој одеднаш стана многу тивок и смирен... Во тој момент, срцето ми застана. Не знам дали беше мојот внатрешен глас или едноставно мајчинска интуиција, но првото нешто што го помислив беше: 'Таа има рак'“ - раскажува Нара за моментот кој никогаш нема да го заборави.
По препорака на педијатарот, Лаки веднаш ја однел Вимзи во најблиската детска болница. По серија рендгенски снимки, ултразвук и биопсија, стигнале најлошите вести. Лекарите им соопштиле дека станува збор за канцер кој веќе е метастазиран и дека девојчето мора итно да започне со хемотерапија.
Нара во видеото не прецизираше за каков тип на рак станува збор, ниту пак ја откри моменталната здравствена состојба на малото девојче, но призна дека „не постои лесен начин да се зборува за ова“.
Парот, кој е познат по својот специфичен лајфстајл и многудетното семејство, заедно ги има и ќерката Рамбл Хани (5), синот Слим Изи (4) и најмалата ќерка Фони Голден, која се роди во септември 2025 година. Лаки е татко и на ќерката Гревити, од претходната врска со моделот Сторми Бри.