Во време кога родителите сè повеќе бараат континуитет, квалитет и индивидуален пристап во образованието на своите деца, Интернационалната градинка и училиште „Максимилијан“ нуди единствен образовен концепт кој го следи развојот на детето од најрана возраст па сè до завршување на средното образование.
Како дел од интернационалното училиште Максимилијан, градинката претставува прв чекор во внимателно осмислен образовен систем кој обезбедува сигурна, поттикнувачка и инспиративна средина за раст и учење. Наместо големи групи и унифициран пристап, „Максимилијан“ работи со мали групи и мали паралелки, овозможувајќи секое дете да добие внимание, поддршка и простор да се развива со сопствено темпо.
Градинката работи и во текот на летниот период и вашата апликација можете да ја поднесете тука. Интернационалната градинка „Максимилијан“ е дел од престижната IB (International Baccalaureate) образовна програма и претставува средина во која учењето се темели на истражување, креативност и развој на критичко размислување уште од најрана возраст.
Наставата и секојдневната комуникација се одвиваат на англиски јазик, што им овозможува на децата природно да го усвојуваат јазикот уште од најрана возраст и да развиваат самодоверба во интернационална средина. Истовремено, се негуваат и мајчиниот јазик, културниот идентитет и вредностите кои го градат карактерот на секое дете.
Образовната филозофија на „Максимилијан“ е базирана на современи меѓународни стандарди, истражувачко учење и активно учество на учениците во процесот на стекнување знаења. Како IB World School, училиштето ги подготвува учениците не само академски, туку и како одговорни, љубопитни и самостојни личности подготвени за предизвиците на современиот свет.
„Една од најголемите предности за семејствата е можноста детето да го помине целиот образовен пат во иста средина, од јасли и градинка, преку основно, па сè до средно образование. На тој начин се создава чувство на сигурност, припадност и континуитет, додека наставниците имаат можност долгорочно да го следат и поддржуваат развојот на секој ученик“ – посочува Софија Филиповска Јордановска, директорка на оваа воспитно – образовна установа.
Со ученици од повеќе од 20 националности и просечна големина на паралелките од околу 10 ученици, „Максимилијан“ создава вистинска меѓународна заедница во која различностите се почитуваат, а секое дете добива можност да го достигне својот целосен потенцијал.
„Максимилијан“ не е само градинка или училиште. Тоа е заедница во која децата растат, учат, создаваат пријателства и ги градат темелите за својата иднина.