Меѓународната градинка „Максимилијан“ претставува нов и современ концепт во предучилишното образование, наменет за деца од 9 месеци до 6 години, кој ги обединува грижата, образованието и целосниот развој на детето во една безбедна и инспиративна средина.
Лоцирана во Козле, на ул. „Леринска“ 11а, во тивка и мирна средина, градинката работи според IB Primary Years Programme (PYP) – меѓународно призната програма за рано учење, која се темели на учење преку истражување, размислување и реални искуства, наместо учење „на памет“ - механичко меморирање. Преку овој пристап, кај децата се развиваат критичко размислување, љубопитност, самодоверба и чувство на припадност во глобален, мултикултурен свет.
Во центарот на програмата е детето како индивидуа, со целосно прилагоден пристап, работа во мали групи и секојдневна настава на англиски јазик. Просторот во „Максимилијан“ е внимателно осмислен така што секоја активност има свое место: за учење, игра и одмор – создавајќи јасна структура и чувство на сигурност кај децата.
„Максимилијан“ располага со современи дидактички материјали, сензорни и едукативни помагала кои овозможуваат инклузивно учење и еднаков пристап за сите деца, како и со посебно организирани простории кои го почитуваат ритамот и развојните потреби на секоја возраст.
Воспитно-згрижувачкиот тим е составен од стручни, посветени и искусни професионалци, кои ја поддржуваат детската љубопитност, учење преку игра и развој на социјални и емоционални вештини.
Во секојдневното функционирање, вниманието е посветено и на практичните потреби на семејствата – со можност за организиран превоз, кој овозможува полесно и побезбедно секојдневие за децата и родителите.
Денешните градинки одамна не се само места за згрижување – тие се првата образовна средина во која се поставуваат темелите за учење, навики, вредности и интереси.
„Нашата одговорност е голема – да создадеме образовни институции кои ќе одговорат на потребите на современото општество и ќе ги подготват децата за идните предизвици. Со меѓународната градинка „Максимилијан“ овозможуваме континуиран квалитет во образованието, имајќи предвид дека нудиме и основно и средно образование,“ истакнува Софија Филиповска Јордановска, директорка на меѓународната градинка и училиште „Максимилијан“.
Секојдневието во „Максимилијан“ е исполнето со структурирана игра, креативни работилници, логички и математички активности, здрави и нутритивно балансирани оброци, како и многу споделени искуства меѓу децата и тимот.
Уписите се во тек, а родителите можат да аплицираат или да закажат информативен разговор преку следниот линк.