• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

„Макпетрол“ повторно избран за најпосакуван работодавач

28 април 2023, 11:37
  • cподели

Компанијата „Макпетрол“ е најпосакуваниот работодавач меѓу нафтените компании во земјава, одлучија посетителите на специјализираниот интернет-портал за пребарување работни места Вработување.ком. Признанието за најпосакуван работодавач синоќа им беше врачено на претставниците на „Макпетрол“ на свечената манифестација што се одржа во хотелот „Лимак“ во Скопје на која беа прогласени најуспешните компании-работодавачи во осум категории.

Макпетрол

Според организаторите на манифестацијата, „Макпетрол“ го заслужи првото место во својата категорија поради изразениот интерес на потенцијалните вработени за отворените работни позиции во компанијата, како и врз основа на резултатите од анкетата за најдобрите работодавачи што неодамна ја спроведе Вработување.ком. Стабилноста на компанијата, солидните плати, многубројните бенефити за вработените и можностите за професионална надградба и напредок, се главните причини поради кои „Макпетрол“ е првиот избор на лицата кои сакаат да работат во оваа дејност.

„Како компанија која 76 години функционира на пазарот, константно вложуваме во подобрување на нашата продажна мрежа, унапредување на услугите и во нашите вработени. Покрај нивната финансиска стабилност, многу вложуваме и во едукацијата и развојот на вработените со што овозможуваме да изградат успешна професионална кариера и да постигнат личен развој. Горди сме што нашите вработени се најголемите амбасадори на „Макпетрол“, луѓе кои лично сведочат за успешното работење на компанијата во секој сегмент“ – истакнуваат од „Макпетрол“.

Макпетрол

Во согласност со корпоративната политика на компанијата, во која задоволството на вработените и обезбедувањето најдобри услови за работа се едни од приоритетите, „Макпетрол“ минатата 2022 година два пати ги зголеми платите на вработените, со што нивните месечни примања се зголемија за околу 20%. Покрај зголемувањето на платите, на вработените во „Макпетрол“ лани им беше исплатен регрес за годишен одмор во нето-износ од 33.000 денари, дополнителен новогодишен бонус во нето-износ од 30.000 денари по вработен, како и распределба на дел од добивката по годишната сметка за 2021 година наменета за вработените во вкупен износ од 70 милиони денари.

Комерцијален текст

Tags
Макпетрол

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.