• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Макпетрол“ и „Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

12 мај 2025, 10:39
  • cподели

Емисија за најмладите е резултат на соработката меѓу „Макпетрол“ и „Телма“ со популарниот актер Сашко Коцев. Забавниот проект, наречен „ЛОЛ со Макпетрол“, денес во 16:15 часот ќе ја има премиерата на фреквенцијата на националниот ТВ-канал. Публиката ќе има можност да ужива во смеата секоја недела во споменатиот термин.Како што и укажува популарното „емоџи“ во името, целта на ова шоу е хуморот, но пренесен низ размислувањата на најмладите.

ЛОЛ со Макпетрол

„Начинот на којшто децата комуницираат, на којшто ги опишуваат работите со типично свои, оригинални, зборови, е неизмерно богатство и токму тоа е клучна инспирација за оваа емисија. Секогаш е многу забавно да се разговара со нив, особено за оние теми што ние возрасните ги нарекуваме „сериозни“, а за најмладите се нешто сосема поинакво. Тие кон нив не пристапуваат како ние, со некоја тежина, туку им приоѓаат со леснотија и верувам дека баш тоа успеваме да го пренесеме преку емисијата. Без разлика што не се искусни како нас возрасните, ова шоу покажува оти можеме многу да научиме од тој нивен искрен пристап“ - вели Коцев.

ЛОЛ со Макпетрол

Како општествено-одговорна компанија, една од целите на „Макпетрол“ отсекогаш била да обезбеди поддршка на различни проекти од културната, музичката и од уметничката сфера. Со поддршката на детското шоу „ЛОЛ“, компанијата ја продолжува оваа традиција во насока на внесување свежина во домашниот телевизиски етер, како и овозможување да се слушнат идеите на најмладите генерации.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.