• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Македонското знаме се вееше во Сараево: Таеквондистката Ведрана Тунески освои злато

22 јуни 2026, 18:10
  • cподели

Ведрана Тунески ѝ донесе злато на Македонија.

Талентираната таеквондистка го освои првото место во кадетска конкуренција до 51 килограми на престижниот меѓународен турнир Г1 Сараево Опен и го развеа македонското знаме.

Тунески стигна до највисокото место на пиедесталот со четири убедливи победи и без загубена рунда. Како прв носител во категоријата, беше слободна во првото коло, а потоа во осминафиналето ја совлада Турчинката Зејнеп Догру со 2-0. Во четвртфиналето македонската натпреварувачка беше подобра од Арина Ткачева од Русија со 2-0, додека во полуфиналето со идентичен резултат ја елиминираше Далиа Сивиќ од Босна и Херцеговина.

Најголемиот предизвик ја очекуваше во финалето, каде што со 2-0 ја победи Русинката Ксенија Гушева, која само два дена претходно ја освои титулата европски клупски шампион во истата категорија.

Tags
Ведрана Тунески

Најнови

  • Втората дама на САД за малку ќе паднеше со бебенцето, критики за реакцијата на офицерите до неа

    Tue, 10/06/2026 - 13:57
  • Моментот кога научник им кажува на трите деца дека доби Нобелова награда, нивната реакција стана хит

    Tue, 10/06/2026 - 13:49
  • Колекција на Ели Сааб

    Романтика на гола кожа: Ели Сааб со сензуална колекција инспирирана од Стариот Холивуд

    Tue, 10/06/2026 - 13:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.