• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Македонскиот продуцент Матеј Џајковски е номиниран за најпрестижната музичка награда Греми

24 ноември 2025, 13:10
  • cподели
Матеј Џајковски

Албумот на групата FLO „Access All Areas“ на кој работеше македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, познат како BigSlav, е номиниран за престижната музичка награда „Греми”. Џајковски беше дел од авторите и продуцентите на песната „On & On” од споменатиот албум.

Албумот „Access All Areas“ е номиниран за најдобар во категоријата „Best Progressive R&B Album” на 68-то издание на Греми награди кои ќе се одржуваат на 1 февруари следната година во Crypto.com арената во Лос Анџелес. По издавањето на албумот, тој се најде на #1 местото на Apple Music во Соединетите Американски Држави и Велика Британија.

Греми номинации

Песната „On & On”, која ја продуцираше нашиот Матеј Џајковски по неколку месеци од излегувањето на албумот, претставува апсолутен фаворит на фановите на групата, а песната се рангираше високо во музичкото списание Billboard и оттогаш е константно присутна на радио станиците во САД.

Ова е прва номинација за Матеј Џајковски кој веќе подолго време работи како музички продуцент во Лос Анџелес. За неговите успеси веќе слушнавме кога негова музика се најде на soundtrack-от на серијата Inventing Anna, која беше една од најгледаните серии на Нетфликс.

 

Tags
Матеј Џајковски

Најнови

  • Изјава на Групацијата за производство на цигари при Стопанската комора на Македонија за предлог-законот за заштита од употреба на тутунски производи или сродни производи

    Sat, 05/30/2026 - 19:57
  • Ruins

    Светска премиера на документарниот филм „Руини" на Елена Чемерска на Shanghai International Film Festival

    Sat, 05/30/2026 - 19:45
  • Александра Јанева со сопругот Иван и малата ќерка Тина

    Александра Јанева ги сподели првите фотографии од бебенцето

    Fri, 05/29/2026 - 21:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.