• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Македонски Телеком со моќна кампања за вистинско поврзување инспирирана од делата на Горан Стефановски

12 март 2024, 12:38
  • cподели

Македонски Телеком ја започнува кампањата „Да направиме место“ со којашто поттикнува и инспирира отвореност и меѓусебно разбирање коишто се важни за вистинско поврзување.

Денес, преку дигиталните технологии, ние сме поврзани повеќе од кога било. Но со години наназад живееме во несигурност и криза, ја губиме довербата во другите, вербата во подобра иднина, се изолираме и се затвораме, и сè посклони сме кон конфликти и нетолеранција. Според истражувањeто, ова најмногу ги допира младите со интензитет којшто забрзано расте последните неколку години. И покрај тоа што живееме во поврзан свет, сепак не сме вистински поврзани.

Со кампањата „Да направиме место“ ја отвораме темата за предизвиците со коишто се соочуваме како општество. Со дигиталната технологија сакаме да креираме врски и да создаваме моменти коишто инспирираат отвореност и поттикнуваат меѓусебно разбирање, затоа што веруваме дека за вистинско поврзување потребен е отворен свет. Ние тоа го нарекуваме дигитален оптимизам, којшто е во тесна врска со нашиот бренд и цврстата определба да бидеме доверлив партнер на луѓето во времиња на предизвици и да ги поврземе со сè што им е важно во нивниот живот.

Видео

„Нашата улога е да ги поврземе луѓето преку комуникациски услуги, но ние имаме одговорност да бидеме многу повеќе од само давател на услуги. Сметаме дека дигиталната технологија не e само алатка за поврзување, туку и алатка за обединување и ширење дигитален оптимизам. Затоа, повикуваме на отвореност и разбирање, за да можеме да се прифатиме, а потоа и вистински да се поврземе“ – истакна Емилија Андоновска, Главен комерцијален директор за приватни корисници.

Делата на Горан Стефановски како инспирација

Кампањата е инспирирана од делата на култниот автор Горан Стефановски, коишто се врежани во нашата меморија и се подеднакво силни и вистинити и денес. Неговите дела го отсликуваат нашиот дух и култура, нашиот живот, повикуваат на сплотеност, единство, надминување на разликите и нè обединуваат како народ и како луѓе. Неговото творештво е потсетник дека има повеќе нешта што нè поврзуваат отколку што нè разделуваат.

Македонски Телеком Македонски Телеком

Моќта на колективот

Во кампањата ќе бидат вклучени познати личности, инфлуенсери, музичари, спортисти... со нивни приказни за предизвиците со коишто се соочиле, но потребно е да се вклучат што повеќе луѓе затоа што и најмалото поврзување може да направи голема разлика и да создаде вистински врски. Преку хаштагот #НаправиМесто секој може да ја сподели својата приказна. Овој хаштаг ја истакнува моќта на колективот и нè охрабрува да бидеме активни и гласни и заедно да се бориме против предрасудите.

Видео со моќна порака

Кампањата почнува со видео коешто испраќа моќна порака: и покрај тоа што мислиме дека имаме малку заеднички нешта, сепак можеме да ги премостиме разликите и вистински да се поврземе. Да направиме место за новото, различното и убавото и заедно да создадеме свет во којшто секоја врска нè збогатува, правејќи ја нашата колективна иднина подобра.

Креативниот концепт е создаден од маркетинг агенцијата Saatchi&Saatchi Македонија, дел од Публицис Груп Скопје.

Во рамките на кампањата којашто ќе продолжи во текот на целата година, предвидени се повеќе активности.

Прочитајте повеќе на: https://www.telekom.mk/napravimesto.nspx

Погледнете го видеото на: https://www.youtube.com/watch?v=TtJlA2wYnbg

Повеќе на: www.telekom.mk; https://www.facebook.com/TelekomMK; https://www.instagram.com/telekom_mk/; https://twitter.com/TelekomMK

Најнови

  • Данче Серафимова со семејството

    „По загубата на синот, се јави идејата за домашниот Природен Детергент“: Данче од Струмица за мајчинството и создавањето помалку токсичен дом

    Mon, 01/12/2026 - 20:15
  • Закон за заштита од пушење

    Стоп за пушење во кола со дете, на автобуски станици... Еве каде сè ќе биде забрането пушење со новиот закон со строги казни

    Mon, 01/12/2026 - 15:20
  • Ретко заедничко појавување на црвениот тепих: Мила Кунис и Ештон Кучер на Златен глобус по бројните критики

    Mon, 01/12/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.