• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Македонски Телеком: Повик за учество на натпреварот „Young Drummers“

19 септември 2014, 07:09
  • cподели

Младите креативци од Македонија ќе добијат единствена шанса да ги покажат своите креативни моќи и да бидат дел од најголемиот адвертајзинг фестивал во регионот.

Во пресрет на еден од најпрестижните адвертајзинг фестивали во регионот „Golden Drum“ (7-10 октомври, 2014 година, Порторож, Словенија) со поддршка и партнерство на Македонски Телеком за првпат во Македонија се организира натпревар „Young Drummers“ на кој се покануваат сите млади креативци (родени по 10 октомври 1984 година) да земат учество преку креирање постер-решение на тема: „Стоп за пишување на мобилен додека возите“.

Don’t Type and Drive

Конкурсот ќе биде отворен од 15 до 29 септември, а прогласувањето на победникот е предвидено да се случи на 1 октомври 2014 година.

Авторот на првонаградениот постер ќе добие платен авионски превоз до Порторож, хотелско сместување и целосна котизација за овој реномиран фестивал.

Како општествено одговорна компанија, Македонски Телеком се почувствува засегната кога е во прашање темата безбедност во сообраќајот, која честопати знае да биде загрозена од несоодветното користење на мобилните уреди и сервисите кои ги нуди, па затоа преку овој натпревар целта е да се подигне свесноста, пред сè, кај помладата популација за опасностите кои демнат доколку се користат мобилните уреди додека се управува со воланот.

Употребата на мобилните телефони додека возиме е проблем кој сѐ повеќе расте и претставува голема опасност. Според светските истражувања, 23% од сообраќајните незгоди се поврзани со употреба на мобилен телефон. Кога пишувате, погледот од патот е пренасочен кон екранот просечно за 4,6 секунди, времето за реакција е 30% подолгo во споредба со брзината на реакција која ќе ви биде потребна доколку возите со интоксикација од 0,8 промили алкохол во крвта. Имајќи предвид дека мобилниот телефон е секогаш со нас, неговата употреба во автомобилот станува нешто многу поопасно и од алкохолот.

Сите заинтересирани млади креативци кои сакаат да ги споделат своите идеи и креативни размислувања на зададената тема можат да добијат повеќе информации за правилата за учество на натпреварот на следниот линк: http://www.goldendrum.com/competition/off-drum/don-t-type-drive-macedonia/

Најнови

  • Панче Тошковски

    Тошковски: Има снимка дека сопругот ја удрил Ивана и на денот на трагедијата, многуте пријави за насилство биле повлекувани од жртвата

    Tue, 03/03/2026 - 14:56
  • „Насилството не е приватна работа. Тоа е рана на целото општество. Мора да се каже ДОСТА!": Дац против семејното насилство

    Tue, 03/03/2026 - 13:55
  • „Ги видов покриени... Зборувала, пријавувала, викала, никој не ја слушнал“: Мајка со гласен апел по трагедијата во Карпош

    Tue, 03/03/2026 - 12:19
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.