• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Македонски млади музичари со врвни резултати на меѓународниот натпревар „Тартини”

4 јуни 2024, 09:32
  • cподели

На меѓународниот натпревар „Тартини", кој од 31 мај до 02 јуни по четврти пат беше реализиран во Пиран, Словенија, во чест и слава на виртуозот по виолина и композитор Џузепе Тартини, младите и талентирани музичари: Антица Николоска V одд ,Ана Кузманоска VII одд, Виктор Србиноски VII одд и Лина Николеска IX одд ,беа единствените натпреварувачи од Македонија.

Во силна конкуренција на учесници од 21 држава од светот, постигнаа врвни резултати во соло дисциплина и камерна музика.

Млади македонски музичари

Клавирското трио составено од две виолини и пијано, во состав: Лина Николеска од класата на проф. Христина Пецакоска Николеска, Антица Николоска и Ана Кузманоска, освои висока втора награда на престижниот музички натпревар. Овие талентирани музичарки покажаа извонредна умешност и музичка чувствителност, што беше препознаено и од страна на стручната комисија. Нивниот успех е резултат на посветената работа и љубов кон музиката, а оваа награда е само почеток на нивниот блескав пат во светот на класичната музика.

Млади македонски музичари

Младата виолинистка Антица Николоска постигна забележителен успех, освојувајќи ја втората награда на овој натпревар. Под менторство на професорот Мухамед Бајрам, Антица се истакна меѓу учесници од 21 земја, покажувајќи извонредна техничка умешност и музичка изразност. Оваа награда претставува значајна точка во нејзината музичка кариера.

Извонредниот виолинист Виктор Србиноски, под менторство на проф. Елица Рашкова, освои прва награда на истиот натпревар. Виктор се истакна со својата виртуозност и музичка зрелост, што му донесе заслужена прва награда меѓу големата конкуренција.

Млади македонски музичари

Пијанистката Ана Кузманоска под менторство на проф. м-р Ана Ѓорѓиоска, со впечатлив настап го импресионираше реномираното интернационално жири составено од еминентни професори од Русија, Шпанија, Австрија и Србија. Во голема конкуренција на учесници, Ана освои висока втора награда, со која повторно го докажа својот импресивен музички талент.

Млади македонски музичари

Овие успеси на младите музичари се голема инспирација и гордост за нашата музичка сцена.

Најнови

  • Ултра сексапилна: Северина во кратко разголено црно фустанче на роденденот на стилистката Карла Каиќ

    Thu, 04/30/2026 - 13:35
  • Марјан Бебекоски

    Корсети и пердуви, а кафеавата е хит боја: Модниот дизајнер Бебекоски ни ги открива матурските трендови

    Thu, 04/30/2026 - 12:12
  • Како тинејџерка во Русија и сега: Ирина Шајк сподели забавни фотографии, фановите одушевени

    Thu, 04/30/2026 - 11:06
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.