Македонската мисица Ева Величковска ужива во Истанбул, се сретна со турската актерка Мерјем Узерли
Пред да отпатува во Виетнам, каде што ќе ја претставува Македонија на престижниот избор за „Мис на светот 2026“, Ева Величковска уживаше во убавините на Истанбул.
20-годишната убавица, која годинава ја понесе титулата „Мис на Македонија“, сподели фотографии од својот престој во турската метропола, каде беше гостинка на свадбена прослава и уживаше во прошетките, убавите глетки и атмосферата на градот.
За време на патувањето, таа се сретна со една од најпознатите турски актерки, Мерјем Узерли, која на македонската публика ѝ е добро позната како незаборавната Хурем Султан од популарната серија „Величествениот“.
„Уживајќи во Истанбул пред Мис на светот“ – напиша Ева на Instagram.
75-тото издание на Мис на светот ќе се одржи од 12 август до 5 септември во Виетнам.