Со Охридското Езеро во позадина и опкружени со најблиските, Дејан Манасков и Билјана Стојановска ја одбележаа крштевката на синчето Давид.
За специјалниот ден, парот го избра Калишта, место кое очигледно им е особено драго, а познатата новинарка на Канал 5 телевизија сподели фотографии од семејната прослава и напиша:
„Кога нешто ќе си посакаш… ✨ … на најубавото наше езеро, во омиленото наше с. Калишта ☀️“
Кумови на малиот Давид беа Гоце и Елена Ојлески, кои позираа со семејството покрај езерото.
За свечениот ден сите избраа стајлинзи во светли тонови, па фотографиите зрачат со нежна елеганција.
Дејан и Билјана се венчаа на 31 јануари годинава во Скопје, а кратко по свадбата на свет пристигна Давид.