• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Три извонредни македонски приказни: Генијот Македон, креативецот Сатја Грабул и научникот Ѓорѓи Петрушевски во спот на „Алкалоид“

6 октомври 2026, 16:05
  • cподели

Македон Димитровски, уметникот и дизајнер Сатја Грабул и научникот д-р Ѓорѓи Петрушевски се главните ликови во новиот видеоспот на „Алкалоид“, кој преку современ визуелен пристап ги поврзува овие три различни приказни во заедничка целина, ставајќи го во фокусот македонскиот интелектуален и креативен потенцијал.

Алкалоид со јубилеен спот

Во основата на новиот видеоспот на „Алкалоид“ се знаењето, креативноста и љубопитноста, вредности што на различен начин се препознаваат во приказните на тројцата протагонисти поврзани со иста движечка сила: желбата да се открива, храброста да се создава и стремежот да се оди чекор понатаму.

Македон Димитровски, иако има само 12 години, зад себе веќе има повеќегодишни успеси на меѓународни математички натпревари и признанија во повеќе научни области. Во низата меѓународни успеси, годинава освои и два златни медали на Математичката олимпијада во Франкфурт, а своите исклучителни способности ги потврди и со високиот резултат на американскиот SAT-тест, наменет првенствено за средношколци при прием на универзитетите во САД. Со напредната логика, аналитичкото размислување и знаењата што значително ја надминуваат неговата возраст, Македон е редок пример за исклучителен интелектуален потенцијал.

Сатја Грабул е македонски уметник и дизајнер со препознатлив авторски израз, чија работа преку Swithadot Studios стигна и до светската сцена. Неговото студио има соработувано со некои од најпознатите имиња од светот на спортот и шоу-бизнисот, а во 2023 година беше вброен меѓу 50-те највлијателни лица на Балканот според Bloomberg Adria. Неговата работа е пример како автентична креативна идеја создадена во Македонија може да добие меѓународна препознатливост.

Науката во видеоспотот ја претставува д-р Ѓорѓи Петрушевски, доктор по хемија и научник со повеќе од 17 години искуство во фармацевтската индустрија, во областа на истражувањето, развојот и системите за квалитет. Автор и коавтор е на повеќе научни трудови, а неговиот научен интерес е насочен кон хемијата на цврста состојба, полиморфизмот и примената на современи аналитички методи во фармацијата.

Зад овие три различни приказни стои истиот порив: да се открива, да се создава и да се оди чекор понатаму. Без разлика дали станува збор за математички предизвик, уметничка идеја или за научно истражување, во центарот се човекот и неговата способност да создаде нешто што има вредност, а токму тоа е и пораката на новиот јубилеен видеоспот на „Алкалоид“: Она што вреди останува.

Зад креативната реализација на видеото стои македонскиот режисер Марко Ѓоковиќ, во продукција на „Вертиго“.

Видео

Tags
Сатја Грабулоски
Македон Димитровски
д-р Ѓорѓи Петрушевски
Алкалоид

Најнови

  • Алкалоид со јубилеен спот

    Три извонредни македонски приказни: Генијот Македон, креативецот Сатја Грабул и научникот Ѓорѓи Петрушевски во спот на „Алкалоид“

    Tue, 10/06/2026 - 16:05
  • Втората дама на САД за малку ќе паднеше со бебенцето, критики за реакцијата на офицерите до неа

    Tue, 10/06/2026 - 13:57
  • Моментот кога научник им кажува на трите деца дека доби Нобелова награда, нивната реакција стана хит

    Tue, 10/06/2026 - 13:49
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.