• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

„Македонијо во срце те носиме“: Александар Тарабунов со изведба на „Едно име имаме“

25 јули 2023, 13:55
  • cподели

Можеби една од највпечатливите македонски песни „Едно име имаме“ отпеани од грлото на легендарниот Јонче Христовски, која е и своевидна химна и една од оние аманет-композиции со кои се идентификува македонскиот народ, маестро Николче Мицевски во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“ ја спакува во ново руво, а Александар Тарабунов се обиде да ја донесе онака како што тој знае и умее – маестрално.

„'Едно име имаме' ја пеам одамна и ми е многу драга песна, ми буди убаво чувство за Македонија и горд сум што ја препеав и имам можност да ѝ ја претставам на публиката во едно ново руво“ - вели Тарабунов и се присетува на една убава случка поврзана токму со македонската фолк легенда.

„Одамна ми беше голема желба да препеам некоја од безвременските песни на Јонче Христовски бидејќи беа големи другари со татко ми. Се сеќавам дека кога бев мал на еден мој роденден Јонче ми подари цела ќеса џамлии „црнки“ коишто во тоа време беа највредните. Со роденденскиот подарок излегов во маало да играм со другарите и поголемите ме намирисаа и ми ги ќарија сите џамлии. Кога се вратив дома татко ми ме праша каде ми се џамлиите од Јонче, е а кога дозна каде се отиде на врата да им ги бара ха, ха, ха...“ - рекол Тара.

Александар Тарабунов

Видеото за „Едно име имаме“ во изведба на Тарабунов е со потписот на Скендеровски продукција, која стои зад проектот „Македонијо во срце те носиме“, а во чии рамки се препеани 12 македонски легендарни песни, во изведба на 12 изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика. Меѓу изведувачите кои публиката уште треба да ги слушне и види се и: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска и Зуица Лазова.

Уживајте во изведбата на Тара и легендарната „Едно име имаме“ и, секако, очекувајте го концертниот караван кој ќе стартува кон крајот на летото и кој под истото име „Македонијо во срце те носиме“ ќе гостува во неколку македонски градови - Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас.

Tags
Александар Тарабунов

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.