• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Македонија со европско сребро, Ана Бергер со злато – параглајдеристите испишаа историја во Крушево

23 август 2026, 00:10
  • cподели
Европско првенство во параглајдинг

Македонија е европски вицешампион во параглајдинг, а Ана Бергер е новата европска шампионка во женска конкуренција. На домашен терен, пред публиката во Крушево, македонската параглајдинг репрезентација стигна до историскиот успех – сребро во екипна конкуренција, додека Бергер го освои европскиот врв во поединечна женска конкуренција.

Европското првенство во параглајдинг се одржа од 8 до 19 август во Крушево, со учество на 130 пилоти од 30 земји. Словенија го освои златниот медал во екипна конкуренција, Македонија заврши на второто место, додека бронзата ѝ припадна на Шпанија.

Патот до европското сребро

Македонија го започна првенството од деветтото место, но со секоја нова трка постепено напредуваше на табелата. На седмиот натпреварувачки ден тимот се искачи на третата позиција, а клучниот чекор кон среброто беше направен на 18 август, кога македонските пилоти успеаја да ја надлетаат Шпанија и да се искачат на второто место.

Преостануваше уште само последниот натпреварувачки ден – и Македонија ја одбрани позицијата и го освои европското сребро.

Во текот на првенството беа одлетани девет трки, долги од 68 до 104 километри. Секој од пилотите прелета вкупно 813 километри и помина повеќе од 35 часа во воздух во деветте натпреварувачки дена.

Дарко Станковски леташе без грешка во сите девет трки и постојано носеше одлични поени за тимскиот резултат. Мартин Јованоски, пак, во седум трки освои исклучително важни поени за македонскиот тим.

На најдолгата трка на првенството, долга 104 километри, Јованоски не успеа да стигне до целта, но тогаш до израз дојде квалитетот и широчината на македонскиот тим. На сцената стапи Ѓорги Ристовски, кој со феноменален лет го спаси тимскиот резултат.

Важен дел од успехот беше и Ана Бергер, која со дисциплинираното и константно летање постојано беше во позиција да ги покрие евентуалните грешки на тимските колеги кои се бореа за највисоките позиции.

За историскиот резултат придонесоа и Глигор Зафиров, Александар Гацевски и Благоја Гроздановски, со несебичната поддршка во воздух, додека Јован Северов секојдневно обезбедуваше комплетна поддршка од земја.

Македонија со овој резултат продолжува да бележи сериозен напредок на европската и светската параглајдинг сцена. На Европското првенство во Србија во 2022 година заврши на четвртото место, една година подоцна освои бронза на Светското првенство во Франција, а сега направи уште еден чекор напред – до европско сребро.

Следната година на програмата е Светското првенство, а македонскиот тим веќе ја најавува амбицијата – напад на златото.

Европско првенство во параглајдинг
Европското првенство во параглајдинг

Ана Бергер – новата европска шампионка

Покрај екипниот успех, Македонија има и европска шампионка.

Ана Бергер го одлета најдобриот натпревар во својата кариера и го освои златниот медал во женска конкуренција, по исклучително тесна борба со Германката Елиза Дојчман.

Европското првенство во параглајдинг

На петтиот натпреварувачки ден, Бергер слета предвреме и загуби речиси цела трка – ситуација која за многумина би значела крај на борбата за титулата. Но, Ана не се откажа.

Во преостанатите четири трки леташе без ниту една грешка, се врати во трката за првото место и со одличните резултати во завршницата стигна до европската титула.

Македонија со сребро, Ана Бергер со злато – Крушево беше сцена на уште еден голем успех на македонскиот параглајдинг.

Видеа

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Tags
параглајдерство
Крушево

Најнови

  • „Кога ќе видам бремена жена, си го допирам стомакот“: Ивана за животот по леукемијата, секојдневната агонија и неостварената желба за дете

    Sun, 08/23/2026 - 00:23
  • Европско првенство во параглајдинг

    Македонија со европско сребро, Ана Бергер со злато – параглајдеристите испишаа историја во Крушево

    Sun, 08/23/2026 - 00:10
  • Александрос Косенас

    „Нептун“ кон ново поглавје: Интервју со Александрос Косенас, извршен директор на „Нептун Интернешнл“

    Sat, 08/22/2026 - 12:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.