• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Мајските оперски вечери онлајн: Уживајте во 8 опери и 2 балети преку YouTube

7 мај 2020, 12:14
  • cподели

Здравствената криза предизвикана од коронавирусот ги промени плановите за годинашните Мајски оперски вечери. Од Националната опера и балет известуваат дека десетте продукции (8 оперски и 2 балетски) кои беа предвидени во програмата на Фестивалот ќе бидат прикажувани онлајн.

Мајски оперски вечери

Љубителите на оперската и балетската уметност ќе можат да уживаат во:

  • Операта „Кармен“ (9 мај)
  • Балетот „Рајмонда“ (12 мај)
  • Операта „Турандот“ (15 мај)
  • Операта „Кавалерија Рустикана“ (17 мај)
  • Балетот „Балетски бисери“ (19 мај)
  • Операта „Фауст“ (22 мај)
  • Операта „Лидија од Македонија“ (24 мај)
  • Операта „Адријана Лекуврер“ (26 мај)
  • Операта „Травијата“ (29 мај)
  • Операта „Аида“ (31 мај)

„Мајските оперски вечери се крстопат на цивилизации и култури од целиот свет. Почитувани вљубеници во оперската уметност, колеги уметници, драги соработници, почитувана публико, Ви благодарам што за изминатите 47 години на одржување на Мајските оперски вечери секогаш сте ни давале поддршка, исполнувајќи го нашиот салон со топлина и љубов.“

„За жал пандемијата ги промени сите планови што ги имавме за овогодинешните 48-ми по ред Мајски оперски вечери, но сепак засега ќе ги одбележиме со избор од онлајн престави во текот на целиот месец мај“ – вели директорот на Националната опера и балет, м-р Васо Ристов.

Мајски оперски вечери

Уметничкиот раководител на операта, м-р Бисера Чадловска, порачува: „Ова е период од годината кога ние, вработените во Националната опера и балет, сме секогаш најпродуктивни и во зенитот на нашата оперска и балетска сезона. За нас, 9 мај е најочекуваниот ден во годината, ден до кој доаѓаме по период исполнет со макотрпна работа, труд но и возбуда поради тоа што не очекува во текот на месец мај. Нам уметниците, оваа година ќе ни недостига чувството на исполнетост, креативен порив и адреналинот кој го чувствуваме додека сме на сцена за време на нашите претстави. Верувам дека сите емотивно го доживуваме овој период и со нетрпение очекуваме да се вратиме на нашите работни места. Сите ние кои се занимаваме со музика знаеме дека ја имаме најубавата работа на светот. И бидејќи постоиме за вас, нашата верна публика, сега од вас ја бараме најголемата поддршка. Во месец мај споделувајте ги линковите од нашите претстави и не нè заборавајте. А на сите вас кои некогаш сте настапиле на Мајските оперски вечери или сте учествувале во некој нашите проекти, ви се заблагодаруваме на поддршката. Ви посакуваме добро здравје и што побрзо сите да се вратите во салонот во Националната опера и балет.“

Вебстрана: www.operabalet.mk

YouTube: www.youtube.com/user/makoib.

Tags
Мајски оперски вечери
Националната опера и балет

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.