„Мајко моја, дојдов кај твојот вечен дом да ти честитам роденден“: Бојан Илиевски емотивен на роденденот на покојната мајка
Бојан Илиевски беше исполнет со тага на денот кога неговата покојна мајка требаше да го прослави својот роденден.
Талентираниот музичар, кој победи во претходната сезона од „Ѕвездите на Гранд“, сподели фотографија со емотивна порака:
Мајко моја! Иако не си повеќе помеѓу нас, јас пак ти дојдов денеска кај тебе, кај твојот вечен дом да ти го честитам роденденот душо моја! 🥺
Но, овој пат дојдов и со преубави вести! Овој пат ти ги споделив сите победи мои во животот во изминатиот период... 💝
Знам дека ме пратиш секаде и покрај тоа што не си физички меѓу нас и знам дека се гордееш со мене!
И тоа засекогаш така ќе биде! СРЕЌЕН ТИ РОДЕНДЕН ДУШО МОЈА, СПИЈ СИ МИРНО!!! 🕊💔
Илиевски останал без двата родители уште на млада возраст. Неговиот татко се борел со тумор на мозокот, додека мајка му починала по тешка болест.
По загубата на родителите, најголема поддршка на Илиевски му станала неговата баба.
Во семејството се соочувале со тешки финансиски проблеми, а во текот на натпреварувањето во „Ѕвездите на Гранд“ Бојан отворено зборуваше и за проблемот со коцкањето. Разочаран од животот, престанал да работи и тргнал по погрешен пат, а во еден момент бил подготвен и да се повлече од натпреварувањето. Сепак, успеал да се соочи со зависноста и да ја остави зад себе.
И покрај сите предизвици, Бојан никогаш не се откажал од музиката. Завршил основно и средно музичко образование, а студирал и на Музичка академија во Словенија.