• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Мајката заслужува да биде запаметена“: Жена им порачува на мажите почесто да ги сликаат сопругите со децата

8 јуни 2021, 10:35
  • cподели

Фотографиите понекогаш кажуваат многу повеќе од зборовите, а кога доловуваат искрени и спонтани моменти, стануваат бесценет спомен.

Авторката Мери Кетрин Бекстром преку текст им порача на мажите почесто да ги фотографираат своите сакани со децата, за тие да ја паметат нивната мајка кога неа повеќе нема да ја има во нивниот живот.

Мери со синот

Драги мажи, сопрузи, луѓе кои нè сакаат,

Во име на сите мајки, имам важно барање:

Фотографирајте нè.

Дури и кога се жалиме, дури и кога косата не ни е несредена. Дури и кога носиме преголем дуксер.

Фотографирајте нè.

Знам дека ова не е прво нешто што ви паѓа на ум и тоа е во ред. Не ни треба секој специјален момент да биде документиран, но, да бидеме искрени:

Ние поминуваме многу време правејќи го токму тоа за сите други.

Ве молам, фотографирајте нè.

Дури и кога се жалиме колку „дебели“ мислиме дека изгледаме во костим за капење. Ако видите дека се прскаме и се смееме гласно со нашите бебиња во горештините на прекрасен летен ден – не е важно дури и ако сме во деветти месец бремени.

Фотографирајте нè.

Дури и ако се жалиме дека аголот не ни е добар или насмевката ни изгледа малку лудо, ви ветувам:

Сакаме да бидеме видени. Сакаме да бидеме запаметени. И ќе ни значи многу кога ќе направите фотографија од нас.

Можеби не сте го сфатиле тоа, но ние правиме стотици тајни фотографии од вас и луѓето кои ги сакате.

Кога ќе ве видиме свиткани на каучот со нашите бебиња, или кога играте со топка во градината, нашите срца се исполнуваат со радост и не можеме да издржиме да не направиме фотографија од вас.

Или можеби го знаете тоа, но сметате дека е малку иритирачко. Можам да го разберам и тоа.

Но, еве еден мал потсетник за тоа зошто овие фотографии се ТОЛКУ многу важни:

Еден ден, ние нема да бидеме покрај нашите деца.

Еден ден, ти и јас нема да бидеме повеќе тука и тоа што ќе остане од нас ќе бидат спомените кои ги „овековечивме“ од овој прекрасен живот што го имаме.

Еден ден, нашите деца ќе се соберат околу маса и ќе прелистуваат фотографии од овие скапоцени, минливи денови.

Ќе плачат, ќе се смеат и ќе евоцираат спомени.

Тие ќе велат: ‘Се сеќавате на тој одмор? Се сеќавате на тој ден?’

И тоа ќе биде многу, многу убаво.

Но, ако секоја фотографија е правена од нивната мајка, погодете кој нема да биде во тие спомени?

Мажи, сопрузи, луѓе кои нè сакаат.

Фотографирајте нè.

Мајката на вашите деца заслужува да биде видена, документирана и запаметена.

Не преку планирани семејни портрети или илјадници селфи фотографии. Туку онаква каква што беше таа, каква што е сега – во тие вистински, специјални животни моменти.

Знам дека се жалиме и тоа не е лесно. Сакајте нè доволно за да го направите тоа, покрај сè.

За нашето добро и за вашето.

За доброто на нашите бебиња.

Фотографирајте нè.

Tags
мајка
фотографии

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.