• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Мајката на Ивона која загина во пожарот во „Пулс“: „За нас завршија славите… Остана тишината на твојот гроб, солзите“

5 ноември 2025, 12:46
  • cподели

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани никогаш нема да ги преболат нивните најмили кои прерано им одлетаа меѓу ангелите.

Стојка Антова секојдневно објавува трогателни статуси за да ја искаже огромната тага и незапирливата болка од загубата на ќерката Ивона. На нејзината 29-та годишнина со сопругот, скршената мајка објави порака која го кине срцето.

Наместо да слават за убавите моменти и да си разменуваат подароци, таа и нејзиниот сопруг тагуваат затоа што нема кој да ги изненади и да им се насмее.

Стојка објави и фотографија од подарок од Ивона и од картичка на која пишува: „Среќна 25-та годишнина. Cheers to many more“.

Стојка Антова Стојка Антова

Еве ја нејзината порака објавена на Facebook:

Наместо да славиме... ние тагуваме.

Наместо денес да славиме сите заедно,
како секогаш — со насмевки, музика и радост,
ние денес седиме завиени во црно,
со солзи на образите и болка во душите...

Денес не славиме, денес тагуваме, затоа што ти, нашата најмила Ивонче, не си тука.

29 години заедно со татко ти, секоја година славевме со љубов, гордост и семејна топлина. Но откако те нема тебе, ќерко наша, ништо повеќе не е исто. За нас завршија празниците, славите, радостите… заврши и животот што го познававме.

Сè што остана е тишината на твојот гроб, солзите што не пресушуваат и сеќавањата што бодат како нож. Секој ден без тебе е нова рана, секој здив — борба. Без тебе ние не сме цели, без тебе домот е празен, а срцето – скршено засекогаш.

29 години љубов со татко ти,
секогаш заедно, секогаш со тебе —
секогаш знаеше да нè изненадиш со поклонче,
а сега само тишина, само празно место,
само спомени што боцкаат како нож.

За нас завршија слави и празници,
завршија денови со радост и смеење,
затоа што со тебе замина и делот од нас,
замина светлината, замина животот…

Секој ден без тебе е како век,
секој здив — како рана што не зараснува.

Одиме на твојот гроб, носиме цвеќе и солзи,
зборуваме со небото, со ветрот, со тишината…

Ивонче мое, светлина мајкина,
душа што ми ја извади од градите,
толку многу ми недостигаш што зборовите не можат да опишат.

Да можев барем уште еднаш да те прегрнам, уште еднаш да ја видам твојата насмевка што ни го разубавуваше секој ден...

Денес не е празник,
денес е потсетник колку боли кога те нема,
моја Ивонче, светлина на мајкиното срце,
моја гордост, моја душа, моја рана жива.

Те сакам бескрајно, ќерко моја,
и ќе те сакам додека имам здив.

Нема ден, нема час да не мислам на тебе. Засекогаш ќе живееш во нас,
во нашите срца и во секоја наша мисла.

Без тебе животот нема смисла… само болка и спомени што болат до бескрај.

Без тебе, ќеркичке моја мила,
ние не сме цели, не сме живи.

Твојата насмевка ни недостига,
твојата прегратка ни фали повеќе од воздух.

Ивонче мое, ангелу наш,
засекогаш ќе бидеш дел од нас,
во срцето, во мислите, во секој наш ден.

Те сакаме бескрајно,
и ќе те сакаме додека постоиме.

16.03.2025 НЕПРЕБОЛ

Стојка Антова Стојка Антова Стојка Антова Стојка Антова Стојка Антова Стојка Антова Стојка Антова

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.