• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Мајката на Ивона која почина во пожарот во Кочани: „17 месеци како дишам… а не живеам, срцето ми чука, но душата ми е мртва“

17 август 2026, 13:27
  • cподели

Стојка Иванова Антова со нова емотивна порака насолзи многу очи.

Мајката на Ивона, која трагично го загуби животот во пожарот во „Пулс“ во Кочани, напиша потресни зборови на денот кога се навршија 17 месеци од трагедијата која одзеде 63 млади животи.

Во својата објава, Стојка пишува дека иако продолжува да дише и срцето ѝ чука, чувствува дека душата ѝ е мртва поради огромната загуба.

16 АВГУСТ – 17 МЕСЕЦИ БЕЗ МОЕТО ИВОНЧЕ 🖤😭♾️

Седумнаесет месеци како дишам… а не живеам.

Седумнаесет месеци како срцето ми чука, но душата ми е мртва.

Ми ја зедоа ќерка ми.
Ми го убија срцето.
Ми го украдоа светот.

Нема утро без болка.
Нема ноќ без солзи.

Секој ден започнува со сознанието дека тебе те нема, а секоја ноќ завршува со истата празнина.

Ивонче мое, ти беше моето сонце, мојата песна, мојот сон, мојата радост, мојот живот…

Те убија, но љубовта кон тебе никој никогаш нема да може да ја убие.

Ми те зедоа тебе, но не и спомените.
Не и твојот лик.
Не и твојот глас во моето срце.
Не и бескрајната љубов на твојата мајка.

ВИЕ што ми ја зедовте ќерката, знајте едно:
Не одзедовте само еден млад живот.
Одзедовте младост, сон, иднина, светлина…
Уништивте едно семејство и оставивте родители да учат како се дише без своето дете.

Но јас, додека постојам, ќе зборувам за моето Ивонче.
Ќе го кажувам твоето име.
Ќе те барам во секој зрак сонце, во секој ветер, во секоја песна, во секој здив.

Зашто мајка не престанува да биде мајка кога ќе го изгуби своето дете.
Тогаш таа само учи да го носи детето во срцето до последниот здив.

Ми те зедоа тебе, Ивонче мое…
ама љубовта кон тебе – НИКОГАШ.

Ќе те љубам повеќе од животот што ми остана.
До последниот здив.
До последното чукање на моето срце.
И по него…
♾️🖤😭🦂

Ноне мое, мајчино злато…
без тебе ни утрото нема светлина, ни ноќта крај. 🖤 🪽

Tags
Стојка Антова

Најнови

  • DISE

    Д-р Данчо Шурков: DISE – прецизно откривање на причината за ‘рчењето и sleep apnea

    Mon, 08/17/2026 - 14:23
  • Мајката на Ивона која почина во пожарот во Кочани: „17 месеци како дишам… а не живеам, срцето ми чука, но душата ми е мртва“

    Mon, 08/17/2026 - 13:27
  • Сивири

    „Бегавме без куфери, а непознати луѓе од Прилеп нè спасија“: Емилија од Скопје за пожарот во Сивири

    Mon, 08/17/2026 - 12:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.