• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

„Мајка, сопруга, а сега кралица на Универзумот“: Убавицата од Порторико е првата мајка која победи на Мис Универзум

25 ноември 2026, 09:22
  • cподели

Порторико има за што да слави.

Џенифер Барето беше крунисана за Мис Универзум 2026, а нејзината победа ќе остане запишана во историјата на престижниот избор. 27-годишната убавица стана првата мајка која ја има освоено титулата и докажа дека соништата не треба да имаат граници без оглед на животните улоги.

На финалето во Сан Хуан, Порторико, Џенифер ја доби круната од минатогодишната победничка Фатима Бош, носејќи ѝ ја шестата титула на нејзината земја.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Miss Universe Puerto Rico (@muniversepr)

Новата кралица на убавината е мајка на малата Пенелопе и сопруга на американскиот војник Јан Карлос Барето Калдерон. Таа е првата омажена жена и мајка која некогаш победила на овој натпревар откако во 2023 година беа променети правилата и им се дозволи на омажените жени и мајките да се натпреваруваат.

„Мајка, сопруга, а сега и кралица на Универзумот! 👑✨ Џенифер Барето го сподели овој историски момент заедно со своето семејство ❤️“ - напишаа од Telemundo за победничката и споделија фотографии на кои таа позира со семејството.

Убавата Порториканка доби честитки и од Сулејка Ривера, која победи на Мис Универзум во 2006 година, а се прослави и по спотот за „Despacito“.

Џенифер е дипломиран психолог и има работено како едукатор и кризен советник во програмата за семејна поддршка на американската армија, а подоцна и како специјалист за превенција, посветена на благосостојбата на заедниците и спречувањето насилство.

Нејзиниот пат до светската титула е особено интересен бидејќи пред да се пријави на Мис Универзум Порторико 2026, немала учествувано на избор за убавина. Со напорна работа, посветена подготовка и желба да ја искористи својата платформа за општествено корисни цели, таа успеа да стигне до самиот врв.

Во текот на натпреварувањето, Џенифер зборуваше и за важноста на човечките вредности во време кога вештачката интелигенција сè повеќе навлегува во секојдневието. Таа истакна дека технологијата треба да се користи одговорно, без да ги замени вредностите кои нè прават луѓе.

На изборот за Мис Универзум 2026, за прва придружничка беше прогласена Мелиса Нуњез од Доминиканската Република, додека втора придружничка стана Клара Вегас од Венецуела.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ezequiel Domínguez (@ezequieldc_)

Tags
Џенифер Барето
Мис Универзум 2026

Најнови

  • „Мајка, сопруга, а сега кралица на Универзумот“: Убавицата од Порторико е првата мајка која победи на Мис Универзум

    Wed, 11/25/2026 - 09:22
  • Без ниту еден изговорен збор, со моќна порака: Емотивната празнична реклама на Apple која ќе ви го стопли срцето

    Wed, 11/25/2026 - 09:10
  • Прекрасни: Јаков Јозиновиќ и Џејла Рамовиќ за првпат во живо го изведоа заедничкиот дует „Сузе“

    Wed, 11/25/2026 - 08:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.