• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Мајка предупредува: Еве зошто треба да мислите пред да бакнете бебе

21 септември 2016, 11:11
  • cподели

Мајка сподели фотографии од раните на своето бебе предизвикани од вирусот херпес за да предупреди за опасностите од овој вирус за најмалите и да апелира луѓето да размислат пред да бакнат мало бебе.

Раните од херпес на Оливер

Пред неколку дена, Ејми Стинтон на својот профил на Facebook сподели фотографија од раните од херпес на нозете и телото на нејзиниот син Оливер. Во описот на фотографијата, таа напиша: „Ова им се случува на бебињата кога ќе дојдат во контакт со херпес. Оливер сега го има вирусот херпес и ќе го носи цел живот. Следниот пат, мислете пред да бакнете бебе“.

Подоцна Ејми додаде уште две фотографии и објасни дека нема намера некого да обвинува, туку дека сака да ја подигне свеста кај луѓето и да ги информира како се манифестира вирусот кај бебињата. „Не сакам да обвинувам некого, само сакам да ги информирам луѓето. Штета што ќе го носи вирусот цел живот“ – напиша таа.

Раните од херпес на Оливер Раните од херпес на Оливер Ејми и ОливерЕјми и Оливер

Во ноември 2014 година вирусот херпес симплекс беше поврзан со смртта на новороденче од Квинсленд, Австралија. Неговата мајка јавно зборуваше за случајот за да ја подигне свеста за сериозноста на овој вирус.

Медицинските експерти велат дека бебињата можат да се заразат во вирусот херпес по раѓањето доколку бидат бакнати од личност којашто има активен херпес на устата или ако бидат допрени од лице кое има херпес на рацете.

Tags
мајка
херпес

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.