• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Мајка не помнеше дека роди тројка откако била клинички мртва цели 45 минути по породувањето

28 ноември 2024, 10:32
  • cподели

Сè е добро кога добро ќе заврши.

Мајка, која беше клинички мртва цели 45 минути, се разбуди со веста дека роди тројка.

Мариса Кристи воопшто не помнела дека ги роди трите ќеркички кога се разбуди една недела по породувањето. Таа помина низ многу ретка состојба наречена емболија на плодовата вода, која за малку не ѝ го одзеде животот. За среќа, нејзината состојба сега се подобрува и таа полека се адаптира на животот со четири мали деца.

„Мојот сопруг ми рече дека ги добивме бебињата, дека се здрави и во одлична состојба. Бев преплашена... Како можев да не се сеќавам дека добив бебиња?“ – рекла Мариса.

Мариса Кристи Мариса Кристи Мариса Кристи

Партнерите, кои имаат и 4-годишно синче, две години неуспешно се обидувале да добијат второ дете. Со лекарска помош, Мариса ја добила посакуваната вест дека е бремена. Но, на прегледот со ултразвук следувало изненадување.

„Ни рекоа дека со сигурност се близнаци, но дека може да има скриено и трето бебе. Бев тотално шокирана. Мислев дека нема шанси физички да го издржам тоа“ – рекла таа.

Мариса се чувствувала лошо во најголемиот дел од бременоста. Во 33-тата гестациска недела, парот пристигнал во болницата за закажаниот царски рез. Бебињата биле успешно родени, но додека лежеле на градите на Мариса, таа добила напад.

„Таа беше сива. Знаев дека се случува нешто ужасно“ – рекол анестезиологот на Мариса.

„Тоа е катастрофално. Кога ќе се случи, 80-85% е фатално. Најчесто се случува кога ќе се оддели плацентата од матката. Таа не дишеше. Започнавме да ѝ правиме ЦПР бидејќи немаше пулс. 45 минути таа беше клинички мртва. Ова е ретка појава. За жал, се случува кај некои луѓе. Речиси никогаш не се повторува кај истите луѓе ако преживеат“ – додал тој.

Родилката била многу збунета кога се разбудила.

„Се сеќавам дека си помислив: ‘Не ги познавам овие бебиња. Ова е многу чудно. Чувствувам како ова да не е реално. Чувствувам како да не се мои’. Помина една недела пред да ги видам. Ми требаше повеќе време за да се поврзам со нив“ – рекла таа.

Мариса Кристи

Но, бебињата ја познаваа Мариса. Секој ден, медицинските сестри ги ставаа бебињата на нејзините гради за да знаат како мириса нивната мајка. Иако не беше свесна, родилката помина значајно време кожа на кожа со малечките.

„Тие знаеја дека јас сум нивна мајка. Реагираа на мене кога зборував за разлика од другите луѓе. Имаше многу чуда кои ми овозможија да живеам, наместо да умрам и сме благодарни за тоа“ – рекла Кристи.

Мариса Кристи Мариса Кристи Мариса Кристи Мариса Кристи Мариса Кристи
View this post on Instagram

A post shared by RN World News (@therealrnnewsnetwork)

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.