• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Мајка ми е најсилната личност, не дозволи дијабетесот да нè дефинира“: Зверев со емотивен говор по триумфот на УС Опен

14 септември 2026, 10:45
  • cподели

Александар Зверев го освои УС Опен, а еден од најголемите моменти во неговата кариера го претвори во емотивна благодарност до жената која верувала во него уште кога лекарите не му предвидувале иднина во професионалниот спорт.

Германскиот тенисер го совлада Бен Шелтон со 6-3, 7-6 (2), 5-7, 6-2 и стигна до својата втора Грен слем титула за само три месеци, по триумфот на Ролан Гарос. А кога го држеше шампионскиот пехар во Њујорк, Зверев ѝ ја посвети победата на личност која воопшто не го гледала мечот – неговата мајка Ирина.

„Сакам да ѝ се заблагодарам на уште една личност која всушност никогаш не ги гледа моите натпревари, но е најважната личност во мојот тениски живот и воопшто во мојот живот“ – рече тој.

Потоа, совладан од емоции, се наврати на моментот кога на само 4-годишна возраст му бил дијагностициран дијабетес тип 1 и на прогнозите кои тогаш ги добиле неговите родители.

„Кога на вашиот 4-годишен син ќе му биде дијагностициран дијабетес и лекарите во ординацијата ќе ви кажат дека животот и спортот ќе бидат многу, многу ограничени за тоа дете, потребна е многу, многу силна мајка за да излезе од таа ординација и да каже: ‘Мојот син ќе биде што и да посака да биде’.“

„Ако сака да биде тенисер, ќе биде тенисер. Ако сака да прави нешто друго, ќе го прави тоа. Но, оваа болест нема да нè дефинира и среќен сум што успеавме да поминеме низ сето тоа и што денес го правиме она што го правиме“ – рече Зверев, прекинувајќи го говорот двапати додека се обидуваше да ги совлада емоциите.

Zverev with an emotional winning speech, he pays a special tribute to his Mum and how she helped him achieve his dreams despite struggling with diabetes.

“I want to thank one more person who has never actually watched my matches but is the most important person in my life. When…

— Pavvy G (@pavyg) September 13, 2026

Токму Ирина одиграла огромна улога во неговиот пат до тенискиот врв. И таа и неговиот татко Александар Зверев Сениор биле професионални тенисери во Советскиот Сојуз, пред семејството да се пресели во Германија. Подоцна и двајцата станале тренери на Александар и неговиот десет години постар брат Миша. Татко му бил повеќе посветен на тренинзите на Миша, а Ирина главно работела со Александар.

„Татко ми е мој тренер, но кога бев помлад, мајка ми повеќе ме насочуваше. Мислам дека имам прилично добра техника, која мајка ми ја изгради додека бев мал, па нејзе ѝ припаѓа заслугата за тоа. Особено мојот бекхенд, тој 100 проценти се должи на мајка ми“ – има изјавено Зверев.

По сите години тренинзи, здравствени предизвици и борба да стигне до врвот, Зверев ја заврши посветата со зборови кои предизвикаа силни емоции, а неговиот татко ја проследи со солзи во очите:

„Мајка ми е најважната и најсилната личност која ја познавам, бидејќи е потребна неверојатно силна жена за да го направи она коешто таа го направи. Затоа, ѝ благодарам и нејзе.“

Зверев не заборави ниту на остатокот од семејството и тимот, осврнувајќи се на неверојатната 2026 година во која освои две Грен слем титули во период од три месеци.

„Поминавме триесет години без да освоиме Грен слем титула, а сега освоивме две во период од три месеци. Мислам дека Бог виде колку напорно работевме, колку многу страдавме, низ колкава болка поминавме. Мислам дека 2026 година е резултат на сите години кои ѝ претходеа.“

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tennis TV (@tennistv)

Tags
Александар Зверев

Најнови

  • „Мајка ми е најсилната личност, не дозволи дијабетесот да нè дефинира“: Зверев со емотивен говор по триумфот на УС Опен

    Mon, 09/14/2026 - 10:45
  • Среќни и заљубени пред раѓањето на првото дете: Марта и Стефан Лазаров со трудничка фотосесија

    Mon, 09/14/2026 - 09:10
  • „Засекогаш во нашите сеќавања“: Татко и син загинаа во сообраќајка кај Илинден, од училиштето се збогуваат со 18-годишното момче

    Mon, 09/14/2026 - 09:06
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.