• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Го исмејувале, ја криел болеста, му велеле дека нема да биде тенисер... Александар Зверев стана прв дијабетичар кој освоил Грен Слем

11 јуни 2026, 09:18
  • cподели

Деновиве светот го слави Александар „Саша“ Зверев како шампион на Ролан Гарос и освојувач на првиот Грен Слем трофеј, но малкумина знаат низ каква битка поминал за да стигне до врвот. 

Покрај тоа што се бори со противниците на теренот, германскиот тенисер со години води уште една, многу потешка борба – онаа со дијабетес тип 1.

Саша ја добил дијагнозата кога имал само 4 години. Додека неговите врсници безгрижно си играле, неговите родители живееле во постојан страв. Мајка му Ирина и татко му Александар се буделе по трипати секоја ноќ за да му го мерат шеќерот во крвта и да му даваат инсулин.

„Со години станувавме по трипати во текот на ноќта за да го контролираме шеќерот и да му ги даваме потребните инјекции. Тоа беше нашиот живот“ – раскажа таа.

Уште потешко било сознанието дека болеста никогаш нема да исчезне. Кога родителите прашувале кога нивниот син ќе оздрави, лекарите им одговарале дека тоа никогаш нема да се случи.

Најголемиот удар за малиот Саша биле зборовите дека неговиот сон можеби никогаш нема да се оствари.

Дел од лекарите му велеле дека нема шанси да стане професионален спортист, а уште помалку врвен тенисер, бидејќи дијабетесот и напорите кои ги бара професионалниот спорт биле премногу голем предизвик.

Саша не дозволил тоа да му го уништи сонот, а токму тие зборови му станале дополнителна мотивација.

„Ми велеа дека не можам да играм тенис на највисоко ниво. Тоа ме налути и ми даде уште поголема желба да успеам“ – признал Зверев.

Покрај здравствените предизвици, талентираниот спортист во детството се соочувал и со суровоста на околината. Бил исмејуван на училиште поради болеста, а еднаш дури му ја украле целата опрема за мерење на шеќерот и инсулинот. Подоцна ја пронашол скршена на земја.

Поради страв од осуда, со години ја криел својата состојба. Не сакал луѓето да го сожалуваат или неговите резултати да ги поврзуваат со болеста. Дури и кога станал професионален тенисер, инсулинот често си го инјектирал далеку од очите на јавноста, сè додека во 2022 година не одлучи да ја објави дијагнозата.

Сега тој редовно го проверува нивото на шеќер во крвта за време на натпреварите, внесува јаглехидрати кога е потребно и си дава инсулински инјекции за да може да продолжи да игра.
Сите тие години на дисциплина, жртва и упорност кулминираа на Ролан Гарос 2026, кога го совлада Флавио Коболи и го освои првиот Грен Слем трофеј во кариерата.

Со тој триумф испиша историја и стана првиот тенисер со дијабетес кој освоил Грен Слем титула во сингл конкуренција.

Денес Зверев не е само шампион. Тој е симбол на истрајност и доказ дека дијагнозата не мора да ги уништи соништата. Токму затоа ја основа и фондацијата „Alexander Zverev Foundation“, која им помага на деца со дијабетес ширум светот да добијат терапија и поддршка.

Неговата приказна денес инспирира илјадници луѓе кои живеат со истата болест.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Alexander Zverev (@alexzverev123)

Tags
Александар Зверев

Најнови

  • „Ќе те кренат, па те газат, од секој збор скандал прават“: Тамара Тодевска ја објави моќната балада „Кукла жива“

    Thu, 06/11/2026 - 12:04
  • Папата Лав ја благослови кулата на Исус Христос од црквата Саграда Фамилија во Барселона, имаше спектакуларно светлечко шоу

    Thu, 06/11/2026 - 11:46
  • Сопругата на Андреј од ДНК: „Препознавањето го изврши најдобриот другар, ќерка ми 24 часа не излегуваше од соба и не јадеше“

    Thu, 06/11/2026 - 11:21
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.