• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Мајка која изгуби рака и нога откако беше прегазена од две метроа се искачи на Килиманџаро со хумана цел

31 октомври 2024, 10:22
  • cподели

Понекогаш, светот го обиколуваат приказни кои нè инспирираат да бидеме истрајни и ни покажуваат дека не постојат граници.

Таква е приказната на Сара де Легарде, која ги изгуби раката и ногата откако беше прегазена од две метроа, но не дозволи тоа да ѝ го уништи животот. Две години подоцна, користејќи протези за екстремитетите таа се искачи на планината Килиманџаро, докажувајќи дека сè е возможно.

Сара де Легарде Сара де Легарде

„Имав достап до целата таа нега, но многу луѓе немаат. Ова повеќе не е за мене, екстремитетите никогаш нема да пораснат повторно“ – рекла Сара, чија цел е да се соберат средства за да им се помогне на лица без екстремитети од Африка, каде 90% од лицата кои имаат потреба од вештачки екстремитети немаат достап до нив.

Сара де Легарде Сара де Легарде Сара де Легарде

Инспиративната Британка останала без два од четирите екстремитети во септември 2022 година. Таа се враќала дома од работа кога се лизнала и паднала во процепот меѓу шините и работ на платформата во подземната железница.

Нејзината рака била смачкана од метро-возот од кој се симнала, а кој тргнувал во тој момент. Минути подоцна, таа била уште еднаш прегазена од метрото кое доаѓало и кое ѝ ја скршило ногата.

Сара де Легарде Сара де Легарде

Потребни биле околу 15 минути за некој да го слушне нејзиниот плач и да повика итна помош. Таа била одведена во болница, каде ѝ биле ампутирани и раката и ногата.

„Тоа беше многу обичен ден. Не се сеќавам како се случи сето тоа, но можам да ги склопам коцките. Се лизнав и паднав во просторот меѓу возот и перонот, кој беше широк колку моите рамена. Никој не ме слушна и не ме виде. Кога заминуваше возот, ми ја смачка раката. Тоа беше немерлива болка, но за среќа, нашите тела се неверојатни и адреналинот веднаш стапи на сила, па болката беше издржлива. Сепак, морав да излезам оттаму.“

„Лицата на моите деца ми беа пред очи и можев јасно да им ги слушнам гласовите кои ми велеа: ‘Мамо, што правиш? Требаше да си дома.’ Тогаш ми дојде хистерична сила“ – рекла таа.

„Сè уште секој ден ми недостигаат раката и ногата. Протезите се одлични, но тие не се замена за моите екстремитети“ – вели Сара, која додава дека е среќна што е жива.

@thismorning

Sarah De Lagarde bravely takes us back to the night she lost both her arm and leg in a horrific accident on London's underground.

♬ original sound - This Morning
View this post on Instagram

A post shared by Sarah July de Lagarde (@sjdelagarde)

Сара де Легарде Сара де Легарде Сара де Легарде Сара де Легарде Сара де Легарде Сара де Легарде Сара де Легарде

На 16 август оваа година, Сара се искачи на „покривот на Африка“ заедно со двете ќерки.

„Не сакам да им го уништам детството и не сакам да мислат дека мајка им е жртва, товар за нив или за општеството.“

„Последниот пат кога се чувствував вистински среќно, силно и како да имам контрола беше кога бев на врвот на таа планина, па на некој начин го барав тоа чувство“ – рекла таа.

Сара де Легарде Сара де Легарде Сара де Легарде Сара де Легарде Сара де Легарде Сара де Легарде Сара де Легарде
View this post on Instagram

A post shared by Sarah July de Lagarde (@sjdelagarde)

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.