• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Мајка ќе „прави“ внуче од спермата на починатиот син

14 март 2011, 11:14
  • cподели

Мариса Еванс предизвика многу дебати бидејќи реши да добие внуче кое ќе биде зачнато од спермата на нејзиниот починат син, со помош на сурогат-мајка и жена донор на јајце-клетка.

Нејзиниот син Николас починал во март 2009г. откако бил удрен пред ноќен клуб во Остин, Тексас. По смртта на 21-годишниот Николас, на Мариса ѝ било одобрено да замрзне негова сперма за да може во иднина да создаде негово потомство.

Неодамна таа објавила дека пронашла и донор и сурогат-мајка и дека се надева наскоро да добие внуче.

„Се надеваме дека до крајот на април мајката сурогат ќе биде бремена. Јас едноставно знам дека ќе успее“ – изјавила Мариса.

Николас и неговата мајка МарисаМариса и нејзиниот покоен син Николас

Жената донор и жената која ќе го носи бебето се различни и дури се од различни држави. Се знае дека жената донор е од Русија.

„Таа наликува на него по цртите на лицето, по образованието, интересите и типот на телото. Беше навистина чудно, но јас знаев дека таа е вистинската“ – објаснила Мариса.

Добивањето на внуче ќе ја чини Мариса 70 000 долари, но три четвртини од трошоците се согласил да ги плати нејзин пријател. Мариса дури има и онлајн кампања за собирање на средства за да го оствари сонот на Николас.

Мариса објаснила дека на почетокот сакала да има внуче за да го замени својот син Николас, но сега сака да го направи тоа само поради фактот што Николас многу сакал да има деца.

„Тој сакаше деца. Зборуваше за деца неколку години, па решив дека кога ќе станам емоционално посилна ќе му го овозможам тоа, затоа што сум негова мајка“ – објаснила таа. Николас дури имал избрано име за машко дете – Хантер.

„Се разбира, тој не би избрал да има деца на ваков начин. Тој би сакал да ги порасне сам, но реалноста е дека не може. Некој му ја одзеде таа шанса. Како мајка која толку добро го познаваше, чувствувам дека тој би сакал да го направам ова“ – изјави Мариса пред две години кога судот требаше да ѝ го одобри замрзнувањето на спермата.

„Знам дека ќе има луѓе кои не веруваат во она што го правам, но тие никогаш не биле на мое место“ – објаснила г-ѓа Еванс и ветила дека ќе се обиде повторно ако овој пат не успее оплодувањето.

Tags
стории

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.