• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Мајка го сруши Гинисовиот рекорд за најголема донација на мајчино млеко, донирајќи 1.600 литри

25 август 2023, 10:07
  • cподели

Мајка го сруши Гинисовиот рекорд за најголема донација на мајчино млеко од една личност.

Елизабет Андерсон-Сиера донираше речиси 1.600 литри мајчино млеко во периодот меѓу февруари 2015 и јуни 2018 година во повеќе непрофитни банки за млеко. Ова е само дел од вкупната количина на млеко која таа реално ја има донирано низ годините.

Елизабет Андерсон-Сиера Елизабет Андерсон-Сиера Елизабет Андерсон-Сиера

Елизабет страда од синдром на хиперлактација, ретка состојба при која телото произведува прекумерно количество мајчино млеко. Според нејзините пресметки, таа досега има донирано над 10.000 литри млеко на локални семејства и реципиенти со забавен развој, менувајќи илјадници животи.

„Тоа што можам да променам нешто во толку многу приказни ми значи сè. Тоа се позитивните нешта на кои се фокусирам и причина зошто продолжувам да го правам она што го правам“ – рекла таа, објаснувајќи ја нејзината состојба.

„Имам зголемена хипофиза која лачи пролактин многу повеќе од нормалното. Со тој прекумерен вишок пролактин, моето тело прави млеко само по себе. Ако не испумпувам за да го намалам притисокот, започнуваат да ми се случуваат нешта како воспаление или маситис“ – рекла таа.

Елизабет Андерсон-Сиера Елизабет Андерсон-Сиера Елизабет Андерсон-Сиера

Синдромот ѝ бил дијагностициран во пролетта 2015 година, но првите симптоми ѝ се појавиле уште во 2014 година, за време на бременоста со првото дете.

За телото да престане да произведува млеко, Елизабет вели дека една од опциите е да направи двојна мастектомија за отстранување на ткивото кое создава мајчино млеко.

„И понатаму ќе имам многу пролактин во телото, но нема да ги засега рецепторите кои го користат за да прават повеќе млеко“ – објаснила таа.

Елизабет Андерсон-Сиера Елизабет Андерсон-Сиера Елизабет Андерсон-Сиера

Поради тоа што нејзината состојба влијае на нормалниот начин на функционирање, Елизабет не би му ја посакала на никого. Но, среќна е што може да им помогне на мајките кои немаат доволно млеко за нивните малечки.

„Можеби ќе го посакате сето ова млеко, но навистина не е така. Навистина ги охрабрувам мајките да не се споредуваат со другите. Сите ние сме уникатни и што и да прави вашето тело е совршено за вашето патување. Секоја капка е важна. Ги охрабрувам мајките да го сакаат нивното патување, без разлика како изгледа“ – вели таа.

Елизабет Андерсон-Сиера Елизабет Андерсон-Сиера Елизабет Андерсон-Сиера Елизабет Андерсон-Сиера Елизабет Андерсон-Сиера Елизабет Андерсон-Сиера
Tags
мајчино млеко
Гинис

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.