• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Маја Кикириткова: „Некоја мајка анализира дали имало дупчиња на бенкицата, моите деца голи лежеа во инкубатор на ГАК“

8 јули 2026, 13:19
  • cподели

Деновиве, на социјалните мрежи се споделуваат фотографии од бебиња со стари и искинати бенкици сликани на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство.

Фотографиите поттикнаа лавина спротивставени коментари од интернет корисниците. Додека некои од нив упатија критики до ГАК, други застанаа во одбрана на клиниката и ги пофалија вработените таму за нивните заложби.

Маја Кикириткова е само една од мајките кои не штедеа пофалби за персоналот на ГАК. Во својата објава на Instagram Story, таа го сподели своето искуство и упати благодарност до вработените.

Еве ја нејзината објава:

Деновиве читам за скинатите бенкици на ГАК и многу се мислев дали да го напишам ова.

Додека некоја мајка анализира дали имало дупчиња на бенкицата, која притоа е од перење на вриење и сушење во сушара, моите деца голи лежеа во инкубатор на ГАК. Секоја минута ми беше вечност и го чекав денот кога ќе ги видам облечени.

Додека бебето на некоја мајка е до неа и во нејзина прегратка, моите не можев да ги видам, да им ја помирисам кожата, да им го почувствувам здивот.

Додека некоја мајка го става бебето на дојка, моите ги хранеа со сонда, а јас рачно се измолзував за да може да им дадат од моето млеко.

Да не беше персоналот на ГАК, кој реагираше со брзина на светлината, јас немаше да седам овде и да пишувам, тешко дека ќе бев помеѓу сите вас. Да не беше персоналот на ГАК, кој знае дали моите деца ќе беа живи.

Тој персонал спасува животи, прематурчиња и воопшто не е важно дали бенкицата е скината или не, важно е дека вашите деца живи излегуваат од таму.

Можеби многумина од вас нема да се сложат со мојот став, но ова е мое искуство и јас вечно ќе бидам благодарна на целокупниот персонал на ГАК.

ТОЛКУ ИМАМ ДА КАЖАМ!

Maja со семејството

Неодамна, во интервју за Фемина, Маја се отвори за нејзините две деца, Лазар и Ева, кои беа родени во 33-та гестациска недела со по само два килограми.

„Секој контакт беше многу стресен, а воедно и емотивен. Не се опишува со зборови тоа чувство. Вие дома, бебето во болница. Вртите телефонски за да прашате како е, минутите ви се вечност, се молзите за да одржите лактација, а бебе нема, рацете се празни“ – рече Маја.

Maja со семејството Maja со семејството Maja со семејството

Tags
ГАК
Маја Кикириткова

Најнови

  • Иднина која инспирира на dm

    Последни недели за пријавување проекти на платформата „Иднина која инспирира“ на dm

    Wed, 07/08/2026 - 14:01
  • Маја Кикириткова: „Некоја мајка анализира дали имало дупчиња на бенкицата, моите деца голи лежеа во инкубатор на ГАК“

    Wed, 07/08/2026 - 13:19
  • Дина Јашари

    Дина Јашари х Божиновски: Мали амајлии пред еден голем блескав момент

    Wed, 07/08/2026 - 13:04
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.