Маја Кикириткова, Антонијо Милошоски, Пере Нокаут... Еве кои познати Македонци за првпат ги испратија децата во училиште
Први септември е посебен ден за сите ученици, но најмногу за првачињата кои за првпат ги облекуваат своите ранчиња и седнуваат во училишните клупи. За нив започнува период исполнет со нови другарства и многу училишни авантури.
Но, да се искуси првиот училиштен ден во животот на детето е специјален момент и за родителите.
Оваа година, меѓу познатите Македонци кои испратија прваче во школските клупи беа и Маја Кикириткова, Антонијо Милошоски, Пере Нокаут, Јана Бурческа и Влатко Грозданоски.
Тие ги споделија гордоста и емоциите со своите следбеници на социјалните мрежи.
Маја Кикириткова
И второто дете ни порасна 🥹
Порасна со брзината на светлината, дојде денот и во училиште да тргнеш. Ново поглавје во твојот, а и нашиот живот. Те сакаме прваче наше 🤍 - напиша дизајнерката.
Антонијо Милошоски
❤️ На нашето прваче Филип Милошоски и на сите првооделенци им пожелуваме многу другарување, занимливи книги и убави спомени во школските клупи 📕🖌 - сподели пратеникот, кој откри и дека неговиот најстар син Давид ќе го започне првиот семестар на факултетот во Мадрид.
Никола Перевски-Пере
Среќен почеток, наша Софиа. Денес ја пишуваш првата страница од една прекрасна приказна❤️ - напиша фронтменот на Нокаут и сподели дека неговата трета ќерка тргнува како прваче во Француското Интернационално училиште во Скопје.
Јана Бурческа
Дарко Костовски
❤️ Среќен прв училишен ден, ќерко. Нека те следат радост, знаење и многу убави спомени - напиша градоначалникот на Општина Бутел.
Влатко Грозданоски
Првачиња 👩🏫 Мила и Ива ❤️ - стои во објавата на поранешниот фудбалер.
Душан Петровски
Мудри совети за првачето од татка си - напиша комичарот, познат со Instagram профилот „Модернизам и ренесанса“, на видеото каде со синот прават усогласени танцови движења.
Михајло Вангелов
Џуџе мое ❤️
Денес за првпат го пуштам твоето мало раче да оди само по својот пат… а срцето на тато ќе те држи засекогаш. 🥹
Расти, учи, сонувај и биди среќна. Јас ќе бидам секогаш тука — зад тебе, пред тебе и покрај тебе, за што и да ти треба.
Среќно прво одделение, мое мало џуџе. 🎒❤️
Те сакаме најмногу - напиша познатиот гинеколог.