• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Магична честитка за Василица: Новогодишна каланда посветена на празникот на Свети Василиј Велики

14 јануари 2026, 11:45
  • cподели
Новогодишна каланда

На денешниот празник на Свети Василиј Велики (Стара Нова година), хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево ни подари новогодишна каланда која е вистински мелем за душата.

Во описот на видеото, стои:

Со длабока почит кон вековната духовна и народна традиција, Хорот „Митрополит Козма Пречистански“ – Кичево ја објави новата новогодишна - василичарска каланда, посветена на празникот на Свети Василиј Велики и благословот на Новата година, за која изработи и прекрасен видео запис.

Оваа каланда ја носи пораката за здравје, бериќет и духовна обнова, како што со генерации се пеела при новогодишните благослови од дом на дом. Текстот на новогодишната каланда обединува делови од старата Дебарско-реканска песна и новиот современ и многу поучен текст. 

Новогодишната каланда изразува еден достоинствен хорски аранжман, создавајќи топла празнична и духовна атмосфера за сите оние кои ја негуваат православната традиција.

Оркестрацијата и аранжманот, доверени на Владимир Димовски, го издигнуваат делото на ниво на достоинствен хорски манифест. Звучната слика, обликувана во професионалниот амбиент на студиото на Димитар Андоновски, нуди беспрекорна чистота и акустична длабочина која ја доловува свеченоста на празничниот миг.

Видео

Tags
Василица

Најнови

  • Онлајн обука на dm и Матрона

    Речиси 200 учеснички ја следеа онлајн обуката на dm и Матрона за безбедна и здрава дохрана за бебињата

    Tue, 03/03/2026 - 17:10
  • Панче Тошковски

    Тошковски: Има снимка дека сопругот ја удрил Ивана и на денот на трагедијата, многуте пријави за насилство биле повлекувани од жртвата

    Tue, 03/03/2026 - 14:56
  • „Насилството не е приватна работа. Тоа е рана на целото општество. Мора да се каже ДОСТА!": Дац против семејното насилство

    Tue, 03/03/2026 - 13:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.