Луна Џогани сексапилна во црна креација покрај сопругот Марко на црвениот тепих во Белград
Луна Џогани магнетски привлекуваше погледи на прославата по повод 30-годишнината од постоењето на „Блиц“.
30-годишната пејачка зачекори на црвениот тепих во црна креација со шлиц и разголено деколте која го истакна нејзиниот сексапил. Таа беше придружувана од сопругот Марко Миљковиќ.
Луна, која е ќерка на Анабела и Гаги Џогани од популарната група Funky G, сподели фотографии од настанот на социјалните мрежи.
Атрактивната музичка ѕвезда позираше пред фотографите и со својата кума.
Луна и Марко се венчаа во 2021 година. Заедно имаат две ќерки Миа и Лана.
Фотографии: Луна Џогани / Instagram