• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Луѓето си заминуваат. Легендите остануваат“: Дивна Пешиќ му посвети уметничко дело на Владо Јаневски

6 јули 2026, 10:49
  • cподели

Дивна Пешиќ на емотивен начин се прости од својот долгогодишен пријател Владо Јаневски.

Македонската сликарка, која покрај успешната уметничка кариера го држи и македонскиот рекорд во стрелаштво, ги преточи болката и почитта во уметничко дело. Сликата е инспирирана од ликот и богатото музичко наследство на македонскиот пејач кој почина пред една недела.

Во Instagram објавата, Пешиќ испрати порака до човекот чии песни засекогаш ќе останат дел од македонската музичка историја. 

Еве го нејзиниот пост:

Посветено на мојот драг пријател, Владо Јаневски.

Постојат луѓе што не можеш да ги сместиш во рамки, затоа што се родени да бидат различни. Таков беше ти. Генијална, нежна, емотивна и бескрајно креативна душа, која не секој умееше да ја разбере. Но токму во таа твоја посебност се криеше магијата што ја претвораше во музика.

На Македонија ѝ остави нешто што не може да се измери со никаква награда, песни што се дел од сите животи, љубови, разделби, спомени и тишини. „Булки“, „Црно Тиквешко“, „Некогаш и негде“, „Полско цвеќе“, „Парче душа“, „Не зори зори“, „Не заборавај да се сетиш на мене“… Тоа не се само песни. Тоа се чувства преточени во стихови, зборови што засекогаш ќе допираат до срцето и душата.

Некои уметници заминуваат, но никогаш не исчезнуваат. Тие продолжуваат да живеат во секоја нота, во секој стих и во секој човек што ќе ја почувствува нивната искреност.

Патувај во вечноста, драг мој пријателе! Ми беше огромна чест што те познавав. Ти благодарам за твојата добрина, за твојата искреност, за музиката што ни ја подари и за трагата што засекогаш ќе остане во македонската култура и светот воопшто!

Луѓето си заминуваат. Легендите остануваат.

Почивај во мир 💔

Tags
Дивна Пешиќ
Владо Јаневски

Најнови

  • Водителката Александра Пановска Илиевска со ќеркичката и сопругот на одмор во Хрватска

    Fri, 07/10/2026 - 15:50
  • Бимилк со поддршка на Народен театар Битола

    Бимилк станува партнер на НУ Народен театар - Битола за поддршка на културата и уметноста

    Fri, 07/10/2026 - 15:03
  • „Немав пари да си го погребам детето, немав за леб, за ништо“: Јулија Мациевска за трагичните моментите кога ја изгуби ќерката од рак

    Fri, 07/10/2026 - 14:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.