Лудории во базен: Згодната Дилета Леота и фудбалерот Лорис Кариус со двете деца на роденденот на ќеркичката
Дилета Леота и Лорис Кариус уживаат во семејната идила.
Најзгодната италијанска спортска новинарка и германскиот фудбалер деновиве го прославија третиот роденден на нивната ќеркичка Ари.
„Ти го направи нашиот свет поубав. Среќен трети роденден Ари“ – напиша Дилета во описот на видео во кое позираат со двете деца и ги дуваат свеќичките на роденденската торта.
Лудориите во базенот и безгрижните семејни моменти ја надополнија веселата атмосфера.
Дилета изгледа фантастично во бикини само три месеци по раѓањето на синчето Леонардо.
Љубовната приказна на Дилета и Лорис започна во 2022 година, а во март 2023 година ја добија ќеркичката Ари. Една година подоцна, тие ја крунисаа својата љубов со брак.
Нивното синче Леонардо се роди во мај оваа година.
