„Љубови“: Емилија Мицевска со преслатки фотографии од септемврискиот одмор со синчето Давид
Емилија Мицевска ужива на септемвриски семеен одмор со вереникот и синчето.
Македонската актерка, која пред нешто повеќе од два месеци стана мајка, ги живее најубавите моменти на плажа со саканиот Деан и слаткиот Давид.
Таа објави повеќе фотографии и видеа на кои со Деан позираат со нивното насмеано бебенце. На едно од видеата стои: „Јас те направив тебе, но ти ме направи мене“, а на друго: „Љубови“.
Во претходно интервју за мајчинството за Фемина, Мицевска сподели:
„Најважната вредност што би сакала да ја пренесам е да биде благодарно дете за сѐ што ќе има. Најголема цел ќе ми биде да се чувствува сакано и безбедно. Воспитувањето и дисциплината доаѓа отпосле. Но, знам дека ќе сакам да е чуено, безгрижно, дека не треба да се плаши да се изрази. Да ги препознава вредностите и да си ја знае силата. И да не се плаши од емоциите во животот. Ни од своите, ни од туѓите. Љубовта е најважна секогаш. Таа нé прави безбедни и неверојатно храбри. Секогаш.“
