Љубов на планина: Балерината Стефи Гаштарска и пратеникот Амар Мециновиќ го искачија првиот заеднички врв
Стефанија Гаштарска сподели дека го искачила својот прв планински врв, но и покажа во кого е среќно заљубена.
Македонската балерина на социјалните мрежи објави албум со фотографии со опис:
„Прекрасен ден на Шар Планина и моето прво врвче ⛰️❤️
📍: Плат, Шар Планина“
Од надморска височина од 2.308 метри, Стефи откри дека подвигот го направила со мажот кој го освоил нејзиното срце. Имено, талентираната девојка на фотографиите позира во прегратката на Амар Мециновиќ, кој нежно ја бакнува во образ, а нивните романтични кадри предизвикаа бројни позитивни реакции од следбениците.
„Браво... И за врвот и за тоа каков спој сте 🙂❤️❤️ Ќе имате уште многу високи врвови заедно! 💫“ - гласи еден од коментарите под објавата.
Фотографии од планинарењето сподели и пратеникот на „Левица“, со опис: „Плат повторно? Повторно и повторно.“
Инаку, шармантната балерина со години живее и работи во Русија. Во интервју за Фемина, Стефи откри дека животот во Санкт Петербург е исполнет со посебна магија:
„Во Санкт Петербург буквално се чувствувам како да сум дел од некој советски филм. Она што најмногу ме фасцинира тука е почитта кон балетот – тоа не е само обична професија, туку нешто што сите навистина го ценат. За работа е суров, бидејќи стандардите се превисоки, но токму тоа е она што ме фасцинира“.