Љубов и рајски дестинации: Авантуристички пар го истражува светот и создава прекрасни Instagram фотографии
Високите температури ја разгоруваат желбата за патување кај секого.
Авантуристички пар од Америка веќе неколку години неуморно го истражува светот, посетувајќи прекрасни дестинации од кои споделува фотографии и видеа на Instagram.
„Ние сме две авантуристички души, со длабока страст за фотографијата, а светот е наша муза. Патувањето одамна е нашето бегство, начин да се потсетиме зошто се вљубивме еден во друг“ – пишуваат Сидни и Дејвис на нивниот сајт.
Грција, Бали, Сардинија, Хаваи, Турција и Мексико се дел од местата каде уживаше вљубената двојка, а во продолжение погледнете ги нивните атрактивни фото-дела.
