• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Лили Колинс ја сподели првата фотографија со ќеркичката која ја доби со сурогат мајка

4 февруари 2025, 08:54
  • cподели

Лили Колинс сподели слатка фотографија од новородената ќеркичка откако нејзиниот сопруг им возврати на сите кои ги критикуваа дека добија дете со помош на сурогат-мајка.

На фотографијата, ѕвездата од „Emily In Paris“ ја турка количката во која се наоѓа малата Тоув.

„Апсолутно блаженство“ – напиша таа.

Лили Колинс

Веста за доаѓањето на девојчето на овој свет, 35-годишната актерка и нејзиниот сакан Чарли Мекдауел ја објавија пред светот пред три дена. Тие ја споделија првата фотографија од бебенцето и напишаа:

„Добредојде во центарот на нашиот свет Тоув Џејн Мекдауел. Зборовите никогаш не можат да ја изразат бескрајната благодарност за нашата неверојатна сурогат-мајка и на сите кои ни помогнаа патем. Те сакаме до месечината и назад“.

Лили Колинс Лили Колинс

Покрај бројните честитки брзо започнаа да се редат и критики за начинот на кој тие станаа родители.

Некои од нив коментираа дека богатите луѓе го изнајмуваат телото на другите жени, други „заклучија“ дека Лили не сакала да си го оштети своето тело, а трети ги прашаа дали си купија бебе.

„Исто како Парис Хилтон. Не сакаше да си го уништи телото, па плати некој друг да го направи тоа?“, „Ова е ужасно... Купувањето бебиња не е исправно“, „Добивањето бебиња не треба да биде како да правиш нарачка на Amazon“, „Бебињата не можат да се купат! Тие не се пар чевли! Сурогатството е експлоатација“, „Wow, толку е лесно да се купи дете. Може да ми дадете повеќе детали?“, „Има други опции да добиеш дете, како посвојување. Бебињата не можат да се купат“ – се само дел од коментарите под објавата на парот.

Лили Колинс Лили Колинс

Чарли не можеше да остане рамнодушен на ваквите коментари и напиша:

„Ви благодарам на сите за љубезните пораки и љубовта. Пресреќни сме и многу благодарни. Во врска со нељубезните пораки за сурогатството и нашиот пат до добивање бебе – ОК е да не сте експерти во сурогатство. ОК е да не знаете зошто некој можеби има потреба од сурогат за да добие дете. ОК е да не ги знаете мотивите за сурогат независно какви се вашите претпоставки. ОК е да се троши помалку време во исфрлање зборови полни со омраза во светот, особено во однос на прекрасното дете кое донесе многу љубов во животите на луѓето. Тоа е сè засега, бидејќи таа штотуку се искака и мора да ѝ ја променам пелената“.

Лили Колинс

Лили и Чарли започнаа да се состануваат во 2019 година, а во септември следната година објавија дека се верија. Парот стапи во брак во септември 2021 година.

Лили Колинс Лили Колинс Лили Колинс

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.