• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Ликот на човек по 24 часа дежурство, 7 породувања и 44 прегледи“: Д-р Вангелов со моќна објава за лекарите

13 август 2026, 14:35
  • cподели

Михајло Вангелов со моќна објава на социјалните мрежи потсетува дека луѓето треба да имаат повеќе почит и разбирање кон медицинските лица. 

Докторот од Клиничката болница Битола сподели фотографии од неговиот уморен лик со полузатворени очи по 24-часовно дежурство, во кое имал неколку хируршки интервенции, породил седум жени и направил 44 прегледи.

Во објавата со илјадници лајкови и стотици коментари со поддршка и пофалби за посветеноста на гинекологот, д-р Вангелов покажува како изгледа еден обичен работен ден на медицински работник, кој и покрај своите грижи и проблеми, останува професионалец во својата работа.

Неговата објава во целост:

„Ликот на човек по 24-часовно дежурство.

Ликот по една хистеректомија, една инструментална ревизија, три спонтани породувања, четири царски резови и 44 прегледи.

Но, зад овој уморен лик не стои само замор. Стојат 24 часа непрекината концентрација, одлуки донесени во секунди, огромна одговорност и грижата за човечки животи.

Ова не го пишувам за да се пофалам. Го пишувам за да покажам што значи еден обичен работен ден за медицинскиот работник.

Зад секој лекар, медицинска сестра, акушерка и секој друг здравствен работник стои човек кој се уморува, кој има свои грижи, семејство и проблеми — но сепак, кога ќе влезе во ординацијата или операционата сала, од него се очекува да биде целосно посветен, смирен и прецизен.

Затоа, имајте почит, трпение и разбирање кон медицинските лица.

Бидејќи зад белиот мантил не стои машина.

Стои човек кој секој ден ја носи тежината на туѓото здравје и живот.“

Tags
Михајло Вангелов

Најнови

  • „Ликот на човек по 24 часа дежурство, 7 породувања и 44 прегледи“: Д-р Вангелов со моќна објава за лекарите

    Thu, 08/13/2026 - 14:35
  • Неповторлив предлог за брак: Дечко ја запроси саканата за време на соларната еклипса, стана хит

    Thu, 08/13/2026 - 13:32
  • Шармантна дама: Јелена Ѓоковиќ во креација од 4.800 евра од Диор покрај Ноле на премиерата на неговиот филм во Котор

    Thu, 08/13/2026 - 13:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.