• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Летни must-have производи од dm: 7 производи што ќе ви бидат потребни во најтоплите денови

13 август 2026, 13:10
  • cподели

Летото носи долги сончеви денови, патувања, одмор покрај вода и повеќе време поминато на отворено, но и потреба од малку поинаква рутина за нега. Добрата заштита од сонце, освежувањето во текот на денот и негата на кожата по изложување на сонце се само дел од производите што стануваат незаменливи во летните месеци. А кога на тоа ќе се додадат практични производи кои лесно можат да најдат место во куферот или летната чанта, подготовките за одмор стануваат многу поедноставни. Токму затоа издвојуваме седум летни must-have производи од dm марките Jessa, SUNDANCE и Balea, достапни во dm продавниците, кои одговараат на различните потреби во текот на топлите денови и се достапни по секогаш поволна цена.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by dm_makedonija (@dm_makedonija)

Сигурност и удобност и за време на летните денови

Одмор, плажа, патување или активен ден – менструацијата не треба да биде причина за промена на летните планови. Jessa Normal тампоните, 80 парчиња, се наменети за нормална менструација и овозможуваат сигурна заштита и чувство на удобност. Благодарение на Butter-Fly технологијата, дизајнирани се за удобно вметнување и отстранување, додека јадрото од вискоза ја впива течноста и се приспособува на обликот на телото.

Заштитата од сонце е основата на летната рутина

Без разлика дали денот го поминувате на плажа или во град, заштитата од сонце е еден од производите што не треба да недостасуваат во летната рутина. SUNDANCE млекото за сончање SPF 30 обезбедува непосредна заштита од UVA и UVB зраците, а истовремено овозможува и 24-часовна хидратација на кожата.

По сонцето, на кожата ѝ е потребна дополнителна хидратација

По ден поминат на сонце, освежувањето и хидратацијата на кожата се важен дел од летната нега. SUNDANCE After Sun Aloe Vera гелот комбинира алое вера, глицерин, пантенол и хијалурон, обезбедувајќи интензивна хидратација по изложувањето на сонце. Неговата текстура пријатно ја разладува кожата, брзо се впива и не остава мрсен слој. Формулата е погодна за нега по сончање, а помага и во одржувањето на летниот тен.

Не заборавајте на SPF за усните

Кога зборуваме за заштита од сонце, усните лесно можат да останат во втор план. SUNDANCE Coconut балсамот за усни SPF 30 овозможува нега во комбинација со фотостабилни UV филтри со заштитен фактор 30. Неговиот Hydro комплекс со алое вера, во комбинација со витамин E, масло од авокадо, природни масла и восоци, ги негува усните и придонесува тие да останат меки и мазни. А мирисот на кокос внесува дополнително летно чувство при секое нанесување.

Инстант освежување кога температурите растат

Во најтоплите денови, понекогаш е потребно само едно прскање за моментално чувство на свежина. Balea Aqua водениот спреј е наменет за лице и тело, ја освежува кожата и истовремено ѝ обезбедува хидратација. Дополнителен плус е што може да се користи и за фиксирање на шминката, притоа придонесувајќи за свеж и блескав изглед на тенот.

Малку златен сјај за вистински летен изглед

Летото е идеално време за дополнителен сјај, а Balea Tropical Dream светкавиот спреј за тело остава нежни златни рефлексии на кожата. Фините златни пигменти се распоредуваат по кожата и блескаат на светлина, па производот може да се користи за суптилен сјај во текот на денот или како дополнителен акцент за вечерните летни излегувања.

Цветна свежина што трае до 24 часа

Последниот производ на листата е Balea Pink Blossom парфимиран дезодоранс, кој комбинира свеж цветен мирис со слатки ноти на ванила и до 24 часа заштита. Веганската формула е без алуминиум, а при нанесувањето не остава бели траги ниту на кожата ниту на облеката – особено практична карактеристика во сезоната на лесна и светла летна облека.

Од заштита пред изложување на сонце и нега потоа, до освежување, дискретен летен сјај и производи за поголема удобност во текот на денот – dm марките Jessa, SUNDANCE и Balea нудат практични производи кои лесно можат да станат дел од летната рутина. Седум различни производи, секој со своја намена, за полесно и безгрижно уживање во долгите летни денови.

Tags
dm

Најнови

  • Неповторлив предлог за брак: Дечко ја запроси саканата за време на соларната еклипса, стана хит

    Thu, 08/13/2026 - 13:32
  • Шармантна дама: Јелена Ѓоковиќ во креација од 4.800 евра од Диор покрај Ноле на премиерата на неговиот филм во Котор

    Thu, 08/13/2026 - 13:15
  • Летни must-have производи од dm: 7 производи што ќе ви бидат потребни во најтоплите денови

    Thu, 08/13/2026 - 13:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.