Летна нега со мирис на рози - откријте ги Limited Edition производите Blooming Dreams од Balea во dm
Летото е идеално време да си подарите неколку моменти само за себе. Без разлика дали станува збор за освежување по сончев ден или краток спа-ритуал дома, Balea - препознатливата dm марка за нега - оваа сезона носи Limited Edition колекција Blooming Dreams, создадена за сите љубители на нежната нега и суптилниот мирис на роза.
Колекцијата ги комбинира хидратантните својства на хијалуронот и екстрактот од роза, со што кожата добива интензивна нега, свеж изглед и чувство на удобност. Освен што ја разгалува кожата, Blooming Dreams претставува и вистинско мало бегство од секојдневието.
За интензивна хидратација на лицето, одличен избор е Balea Blooming Dreams маската за лице. Благодарение на формулата збогатена со хијалурон и екстракт од роза, таа интензивно ја хидрира кожата и придонесува таа да изгледа свежо и блескаво. Меката ткаенина совршено се прилагодува на контурите на лицето, овозможувајќи рамномерно нанесување на активните состојки, додека нежниот мирис на роза го претвора секој момент на нега во вистинско уживање.
Посебно внимание заслужуваат и Balea Blooming Dreams хидратантните перничиња за пределот околу очите, кои се создадени за нега на чувствителната кожа околу очите. Формулата со хијалурон и екстракт од роза обезбедува дополнителна хидратација и освежување, а благодарение на меката текстура, активните состојки подобро се апсорбираат. По употребата, кожата изгледа помазна, негувана и освежена - идеален избор по долг ден, пред важен настан или секогаш кога сакате да му подарите одмор на вашиот поглед.
Рутината за нега можете да ја надополните и со Balea Blooming Dreams маската марамица за деколте во уникатна форма на срце. Збогатена со хијалурон и екстракт од роза, таа обезбедува интензивна хидратација и помага во намалување на линиите предизвикани од сувост, оставајќи ја кожата на деколтето мазна, негувана и со свеж изглед. Благодарение на својата посебна форма, маската совршено се прилагодува на пределот на деколтето, додека нежниот мирис на роза придонесува за вистинско релаксирачко спа-доживување дома.
Со својот романтичен дизајн, внимателно одбраните состојки и нежниот цветен мирис, Blooming Dreams е колекција која лесно ќе стане омилен дел од вашата летна рутина за нега.
Побрзајте да ја откриете Limited Edition Blooming Dreams колекцијата од Balea во dm, затоа што омилените сезонски изданија секогаш се достапни ограничено време.