Катарина Ивановска ги замени градските горештини со морско освежување. Славниот модел жешките денови го поминува кампувајќи со нејзините две деца Кира и Вања и партнерот Стефан Ханџиски.
Атрактивната убавица сподели дел од релаксирачките моменти преку низа фотографии и кратки видеа на социјалните мрежи, на кои воодушевува со беспрекорната фигура.
Сепак, во фокусот на летната авантура се децата, па така повеќе видеа/фотографии ја покажуваат Катарина како неуморно се забавува со Кира и Вања.