Лепа Брена имаше мала незгода на сцената за време на нејзиниот концерт во преполниот клуб „Топ Хил“ во Будва.
Додека го изведуваше својот препознатлив замав со ногата пред песната „Коловођа“, 65-годишната српска пејачка изгуби рамнотежа и падна на бината. Моментот беше снимен од обожавател од првите редови, а видеото за кратко време стана вирален хит на социјалните мрежи.
Брена се справи како вистински професионалец и продолжи да пее како ништо да не се случило.
Под видеото веднаш започнаа да се редат коментари, а најмногу внимание привлече шегата: „Не си бил на концерт на Брена ако Брена не паднала пред тебе“. Видеото со овој натпис го сподели и самата пејачка.
Ова не е првпат легендарната пејачка да доживее ваква незгода. Уште во 1983 година, на концерт во Мостар, при истиот препознатлив потег падна на сцената, а низ годините имаше уште неколку слични ситуации. Најсериозната се случи кон крајот на 2024 година во Загреб, кога заработи скршеница на зглобот и мораше да биде оперирана.
Danas je veliki jubilej, obeležavamo tačno četrdeset godina otkako je Lepa Brena sama sebe šutnula nogom u glavu na koncertu u Mostaru. 🙏 pic.twitter.com/e6cPliaK5d
— Amfetaminolohije (@amfetaminolohie) March 23, 2023