Лазар Ристовски со 39 години помладата сопруга на црвениот тепих, таа возврати на критиките: „Презаситена сум од сé“
Лазар Ристовски и Аница Лазиќ заедно зачекорија на црвениот тепих на настан организиран од РТС, две недели по нивната венчавка.
73-годишниот српски актери и неговата 39 години помлада сопруга беа меѓу бројните познати личности на претставувањето на есенската програмска шема на РТС. Лазар за оваа пригода избра фармерки и кошула, додека Аница блесна во кафеава комбинација со кожено здолниште.
Пред неколку дена, Аница со порака на социјалните мрежи им возврати на сите оние кои ја критикуваа по венчавката со Ристовски и непрестајно пишуваа за неа.
Таа напиша дека е презаситена од вниманието, коментарите и темите кои постојано ја следат во јавноста.
Се чувствувам презаситено од сè. Од социјалните мрежи, новинарските написи, советите, изјавите, глупавите и површни теми.
Сè стана толку гласно, а мене сè повеќе ми значи она што е тивко и вистинско.
Среќна сум, што ми е доволно да знам која сум, без потреба тоа да му го објаснувам на кого било.
И среќна сум што, секогаш, ама баш секогаш, среќата ги следи храбрите. 🤍
На 3 септември оваа година, Лазар и Аница објавија дека се венчаа. Нивната љубов од самиот почеток предизвикува големо внимание во јавноста токму поради разликата во возраста.