Љубовната приказна на Лазар Ристовски и Аница Лазиќ доби ново поглавје.
73-годишниот српски актер и неговата 39 години помлада избраничка стапија во брак.
Среќната вест ја сподели Аница на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од нивниот посебен ден. Во описот на фотографиите таа напиша „Штотуку венчани“.
На нивниот специјален ден Аница носеше едноставен бел фустан додека Лазар избра елегантна комбинација со сиво сако, бела кошула и беж панталони. На една од фотографиите актерот ја бакнува својата сопруга во челото.
Лазар и Аница се заедно неколку години, а нивната љубов од самиот почеток предизвикува големо внимание во јавноста токму поради разликата во возраста. И покрај коментарите, тие во изминатите години не криеја дека се среќни заедно.
За Лазар, ова е втор брак. Тој претходно беше во брак со актерката Даница Ристовски, со која се венча во 1980 година. Тие се разведоа во 2022 година по 42 години брак. Зедно имаат два сина, Петар и Јован.