• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

Лара Иванова, Јанг Дади, Александар Тарабунов и Сара Мејс... Слушнете ја химната „Together We Shine“ за ЕМОФ Скопје 2025

11 јули 2025, 08:42
  • cподели

Лара Иванова, Јанг Дади, Александар Тарабунов и Сара Мејс ги обединија своите таленти за официјалната химна на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025.

Со песната „Together We Shine“ симболично започнува финалното одбројување до настанот што ќе ја испише новата страница на спортската историја на нашата татковина. Химната не е само песна, таа претставува енергија, визија и повик до цела Европа.

Музиката и текстот се дело на реномираниот продуцент Роберт Билбилов, додека за моќната визуелна приказна и монтажата на видеото е заслужен режисерот Стефан Стиди.

Слушнете ја „Together We Shine“:

„Together We Shine“ е музичка прослава на заедништвото, младешката сила и олимписките вредности – сè она што го претставува ЕМОФ.

Спотот за химната е снимен на повеќе локации во Скопје и Куманово, градови-домаќини на фестивалот, во продукција што го слави единството и креативноста на македонската млада сцена. Со современа визуелна естетика, динамични кадри и присуство на млади спортисти, видеото го отсликува спортскиот жар и колективната мотивација што ја носи ЕМОФ. Во него се појавува и официјалната маскота Shiny, која симболизира ведрина, младешка инспирација и единство – вредности кои ќе бидат во сржта на секој момент од фестивалот.

ЕМОФ Скопје 2025 ЕМОФ Скопје 2025 ЕМОФ Скопје 2025 ЕМОФ Скопје 2025

Од првиот такт до последниот стих, „Together We Shine“ е создадена да инспирира и возбуди. Со стихови како: „EYOF we play, EYOF we shine, EYOF is here, your dream is mine“, химната повикува на обединување преку спортот, на надминување на себе и на славење на секој успех – личен или колективен.

Оваа химна е повеќе од културен симбол - таа е срцето што чука во ритамот на младинската надеж. Таа е повик до секој спортист и секој млад човек што мечтае. Да се обединиме, да блеснеме, да покажеме дека Македонија е подготвена не само да биде домаќин, туку да го инспирира Стариот континент. Нека оваа песна не биде само дел од фестивалот – нека биде неговата душа.

ЕМОФ Скопје 2025 ЕМОФ Скопје 2025 ЕМОФ Скопје 2025 ЕМОФ Скопје 2025

ЕМОФ Скопје 2025 ќе се одржи од 20 до 26 јули, во Скопје, Куманово и Осиек, и ќе обедини над 4000 млади спортисти од 49 европски делегации плус тимот на бегалците.

ЕМОФ Скопје 2025 ЕМОФ Скопје 2025 ЕМОФ Скопје 2025

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.